Сакав да избегам од црната хроника во Скопје - отидов со другарки во Берово и го најдов спасот

Каква промена, какво уживање. Се договоривме три другарки да излеземе од Скопје...

sakav-da-izbegam-od-crnata-hronika-vo-skopje-otidov-so-drugarki-vo-berovo-i-go-najdov-spasot-01.jpg

Искрено, се загушивме во секојдневиево, како во центрифуга да бевме. Работа - дома - ручек - пери – пеглај – чисти - легни си преморена. Сфативме дека ни треба пауза од рутината.

И искрено, си поминавме феноменално. Се спремивме само со неопходните работи и заминавме за Берово. Како си поминавме? Лудница!

Ги исклучивме мозоците од сè што оставивме во Скопје. Тоа не значи дека не си ги сакаме децата, сопрузите или работните места, едноставно на секој човек му треба да олади од сè.

Додека патувавме слушавме „тапа“ музика и се згазивме од смеење, дури и тоа ни беше интересно. Правевме колку сакаме паузи за кафенца по бензински и уживавме во привремената слобода да зависиме само од себе и сопствените желби.

Седевме будни до доцна и евоциравме спомени, се исповедавме една на друга, како во старите добри времиња.

После долго време загушеност во рутина, го направивме овој дводневен излет и сфативме колку ни бил потребен. Друштвото погодено, природата феноменална, луѓето гостопримливи и прекрасни. Полн погодок!

За жал, каде и да се свртиме слушаме и гледаме само црна хроника, инфлација, скапа струја, сообраќајки, несреќи, дилеми дали ќе има парно зимава.... реални проблеми, не го оспорувам тоа. Но, менталното здравје несвесно ни страда од тие стресови.

Затоа оваа „рехабилитација“ супер ни дојде. Женски муабети и смеење до болка во стомак. Уф, веќе ми фали и едвај чекам следна тура.

Откако се вративме, ме обзема она чувство дека премногу сум загушена, дека дефинитивно ми треба издувен вентил, за да не ме „сомеле“ системот.

Јас го најдов лекот, пробајте и вие, тоа е викенд за девојки!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кара | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Скопје мое! Те сакам тебе и твоите липи на Партизанска, јапонски цреши на Максим Горки и калдрмата в... Ах, тие твои магични кафулиња на секое ќоше, сончевите денови, Воднооо, Градскио...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
Кога си го возам бебето во количка низ Скопје ми требаат „супер моќи“ Постојано се качувам и симнувам од тротоар поради паркирани автомобили, правам р...
Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg