Поучна приказна: Момче се срамело од мајка си, но потоа се засрамило од себеси

pouchna-prikazna-momche-se-sramelo-od-majka-si-no-potoa-se-zasramilo-od-sebesi-01.jpg

Мало момче кое одело во прво одделение ја викнало мајка си на родителска средба.

Таа рекла дека ќе дојде и тоа се засрамило затоа што неговата учителка за првпат ќе ја види мајка му, која имала огромна лузна на лицето.

Иако била млада и убава жена, момчето се срамело од огромната лузна, која ѝ ја прекривало целата десна страна од лицето. Тоа никогаш не ни разговарало со неа на темата од каде ја добила лузната.

На состанокот, без оглед на лузната, сите биле воодушевени од љубезноста и природната убавина на неговата мајка, но момчето сепак се срамело и криело.

Кога се нашло во близина на мајка му и неговата учителка, детето случајно го слушнало нивниот разговор.

„Од каде ви е таа лузна на лицето?“, ја прашала учителката.

Мајката одговорила:

Кога мојот син беше мал избувна пожар во неговата соба. Сите се плашеа да влезат, затоа што пожарот излегуваше од контрола, па влегов јас.

Додека трчав кон неговото кревтче, видов како паѓа греда над него, па скокнав за да го заштитам. Се онесвестив, но за среќа дојдоа пожаникари и нè спасија двајцата.

Лузната ќе ми остане вечно, но до ден денешен никогаш не зажалив за тоа што го направив.

Во тој миг момчето со солзи во очите истрчало до мајка си и цврсто ја прегрнало. Во тој миг сфатило каква жртва таа направила за него и од тој ден, па натаму, цврсто ја стегало за раката и се гордеело со неа секогаш и секаде.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg