Никогаш не бегаа од часови, ставаа рака кога сакавме да препишеме од нив: Ги памтите „бубалиците“ од вашиот клас?
Од школските денови ги носиме најубавите и најзабавните спомени. Најдобрите пријателства кои траат со години. Најлудите мигови од часовите, екскурзиите и безгрижните денови.
Факт е дека во секој клас постоеја оние кои ги нарекувавме „бубалици“ иако не знам дали тоа би бил најсоодветниот збор за овој тип на луѓе, но јасно ви е за кој станува збор, нели?
Сите ги помните:
1. Оние кои кога бегавме групно од часови секогаш остануваа со изговор „Нема да имам кога да поправам кец“ или „Ќе ме убијат дома моите“.
2. Кога ќе им побаравме лист од средина на тетратка никогаш не даваа – „Помината ми е средината“.
3. Кога сакавме да препишуваме од нив ни ставаа рака за да не може да ѕиркаме.
4. Кога ќе им побаравме гума не даваа за да не си ја трошат.
5. Оние кои кога сакавме да преместиме тест или испрашување викаа „Јас сум спремен, може и денес“.
6. Оние кои кога ќе се договоревме да бидат доброволци за испрашување за да се спасиме, намерно не креваа рака.
7. Оние кои кога ќе им речевме „Ќе ми помогнеш на тест?“, велеа „Нема проблем“, а после тоа, ти викаат „Чекај, јас не сум напишал уште“.
8. Оние кои на крај на час прашуваа „Ќе ни дадете домашна?“...
9. Оние кои секогаш викаа дека лошо поминале на тест и ништо не напишале, а на крај добиваа 5-ка.
10. Оние кои кога цел клас ќе се договоревме да кажеме дека не сме имале домашна, ги вадеа напишаните тетратки за проверка.
Каде се и што прават овие луѓе од вашиот клас денес? Дали успеаја во животот?
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Е. П. | Црнобело