Поучна приказна: Синот ја однел својата стара мајка во ресторан – сите се потсмевале
Синот одлучил да ја однесе мајката на ручек. Неговата мајка била мошне стара и слаба. Додека јадела храната ѝ паѓала врз фустанот. Останатите гости зјапале во жената и се смееле... но на крајот сите научиле важна лекција од синот кој не се срамел од својата мајка!
Синот одлучил да ја однесе мајката на ручек. Неговата мајка била мошне стара и слаба.
Додека јадела храната ѝ паѓала врз фустанот. Останатите гости зјапале во жената и се смееле на нејзините грешки, но синот останал смирен.
По оброкот, синот заминал со мајката во тоалетот. Таму ги избришал остатоците од храна од нејзиното лице со брчки и ги избришал дамките колку што било возможно.
Кога излегле од тоалетот, гостите во ресторанот занемеле.
Додека синот ја плаќал сметката, еден од гостите станал и му рекол:
- „Нели сметаш дека остави нешто овде?“
- „Не, не оставив ништо, сѐ земав со себеси“ - рекол синот.
- „Сепак, сметам дека остави нешто. Остави лекција за секој син и ќерка и надеж за нивните мајки и татковци. Сметам дека голем број од гостите научија многу од тебе.“
Да не ги заборавиме оние што некогаш се грижеле за нас ниту кога се стари и немоќни. Ние луѓето често паѓаме на тој испит.
Извор: Фејсбук / фото: depositphotos.com