Дали жена ми е спонзоруша?
Кратка, урбана, хумористична приказна со добра доза на вистина во неа. На повеќето од вас можеби веќе позната, но вреди да се овековечи за оние кои ја немаат сретнато.
Седнуваат маж и жена во елитен ресторан да вечераат.
По извесно време во ресторанот влегува згодна девојка, се упатува кај мажот и му седнува во скут:
- Па кај си љубов моја, те нема да се јавиш 7 дена, не си дојден не памтам од кога, кога ќе се видиме? Jави ми се обавезно... станува и си оди...
Жената му се врти на маж и:
- Која ти е оваа бе?
Мажот мртов ладен одговара:
- Швалерката.
Жената шокирана:
- Ѓубре едно, зар пред моите очи, утре барам развод!
А мажот :
- ОК! Утре добиваш развод, но сфати го следново - кога ќе се разведеш, нема летување во Грција, Шпанија, Египет, Хаваи, Кариби... нема зимување на Алпите, Копаоник... нема скапи автомобили, јахти, шопинг, накит, шминки, вечера во скапи ресторани...
Жената замолчува.
После неколку минути во ресторанот влегува нивен познаник, но не со жена му, туку со непозната згодна девојка.
Кога го видела ова, жената го прашала маж и:
- Која му е онаа?
На тоа мажот одговара:
- Неговата швалерка!
А жената:
- НАШАТА Е ПОУБАВА!