Работам во аптека во Скопје и не можам да ја поднесам некултурата на луѓето

„Доаѓа татко на новороденче, како што сфатив од разговорот кој го водеше со највисок можен тон. „Дадете ми шишенце“, ѝ вели на вработената. Аптекарката го праша: „Од колку милилитри“ и овој почна да ѝ вреска, очигледно лут што сопругата го пратила во аптека да купи нешто за СВОЕТО дете...“

rabotam-vo-apteka-vo-skopje-i-ne-mozham-da-ja-podnesam-nekulturata-na-lugjeto-01.jpg

Вчера бев на средба со една пријателка што е вработена во една од аптеките во Скопје и веднаш ѝ раскажав за последната непријатна ситуација на која посведочив додека чекав ред во аптека.

Почнав да ѝ раскажувам, уште под импресии и неверување за тоа што го видов и слушнав.

Ѝ велам: „Доаѓа татко на новороденче, како што сфатив од разговорот кој го водеше со највисок можен тон. „Дадете ми шишенце“, ѝ вели на вработената.

Аптекарката го праша: „Од колку милилитри“ и овој почна да ѝ вреска, очигледно лут што сопругата го пратила во аптека да купи нешто за СВОЕТО дете, па ѝ се обрати на аптекарката со обвинувањето дека уште тоа му требало, таа да го заморува со прашања, буквално го истури врз неа наталожениот стрес, па се јавуваше на телефон кај сопругата да препраша итн.“

Јас искрено не можев да си поверувам на очите и ушите за таа доза на некултура и дрскост на која посведочив, а која без причина ѝ беше сервирана на вработената во аптека.

Но, за разлика од мене, мојата пријателка, вработена во аптека, кога ја ислуша мојата приказна само слатко се насмеа и прокоментира:

„Ах, ние секој ден гледаме такви ситуации, веќе не ни допираат до нас, бидејќи во спротивно ќе полудиме.

Многу луѓе ни се обраќаат дрско, нè прават неуки и неинформирани, сите станаа гугл доктори и тие знаат најдобро. Ни докажуваат дека не сме во право, а кога ќе сфатат дека тие всушност грешат за одредена работа не си ни извинуваат.

Не почекуваат трансакцијата со нивната картичка да помине, туку се во брзање и си одат веднаш, не ни веруваат кога електронските рецепти не ни функционираат, па мора да проверуваме по 5 пати, иако јасно гледаме дека има одреден проблем.

Најдрско од сè е што кога ќе дојде нивниот ред, тие си разговараат на телефон, не се фокусирани на тоа што треба да нарачаат и зад нив се создава редица.

Има и такви кои доаѓаат само за да си направат муабет со нас, но тие ни се дури симпатични.

Се разбира, има голем дел од луѓето кои се однесуваат културно и со почит со нас, како што верувам дека се однесуваат со сите луѓе од услужната дејност“, ја заврши мојата пријателка приказната, додека јас во себе си благодарев што не работам во услужна дејност, затоа што ниту ќе имам трпение, ниту нерви, и им се воодушевував на сите луѓе кои успешно го прават ова. Заслужуваат медал дефинитивно!

Онаа клише фраза: „Да се работи со луѓе е најтешко...“, очигледно е жива вистина.

Имате ли вие некое вакво искуство?

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Скопје мое! Те сакам тебе и твоите липи на Партизанска, јапонски цреши на Максим Горки и калдрмата в... Ах, тие твои магични кафулиња на секое ќоше, сончевите денови, Воднооо, Градскио...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Кога си го возам бебето во количка низ Скопје ми требаат „супер моќи“ Постојано се качувам и симнувам од тротоар поради паркирани автомобили, правам р...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...
Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg