Како живеевме ние?
За сите оние кои се родени во 50-тите, 60-тите, 70-тите и 80-тите.
Прво, родени сме нормални иако нашите мајки кога ги болело глава пиеле аспирин, јаделе храна од конзерва, пушеле и оделе на работа до последниот ден од бременоста.
Во тоа време предупредувањето „чувајте далеку од дофат на деца“ не постоелo.
Кога сме имале 4-5 години не сме носеле Памперс. Мочкавме во кревет.
Како деца, се возевме во автомобил без појас и воздушно перниче и не моравме да имаме кацига кога сме возеле велосипед или ролери.
Пиевме вода од цревото во двор, а не од шишиња. Делевме шише Кокта или Кока Кола со нашите пријатели и никој не се заболел заради тоа.
Јадевме млечни сладоледи, бел леб, путер, сокови полни со шеќер, но не сме биле дебели – затоа што секогаш сме си играле надвор!
Излегувавме на улица рано наутро и си игравме по цел ден – скривница, граница, народна, џамлии, штркот бара боја, каубојци и индијанци и сè останато што само детската фантазија може да го измисли. Останувавме сè додека не се запалат уличните светла, кои и така ги немаше премногу.
Често пати никој не можеше да нè пронајде по цел ден, па паѓаше и по некоја родителска шлаканица, но сето ова важеше за дел од родителското воспитување, а не злоставување во семејството.
По цел ден трчавме, паѓавме, крадевме овошја од дрвата на соседите... После неколку падови, скршеници и модрици – научивме како да ги решаваме проблемите.
Ние немавме замислени пријатели ниту пак проблеми со концентрација на училиште.
Нам не ни продаваа дрога пред училиште.
Немавме PlayStation, X-box, Wii, а камо ли пак компјутери. Немавме 99 канали на телевизија, мобилни, Интернет... Ние имавме пријатели и одевме надвор за да се дружиме со нив!
Паѓавме од дрва, се сечевме на стакла, кршевме заби, но нашите родители никогаш не биле на суд заради ова.
Возевме велосипеди или пешки трчавме до куќата на другарчињата, звоневме на врата или едноставно си влегувавме за да се дружиме и да бидеме заедно.
Последните 50 години беа најплодоносните во историјата на човештвото. Нашите генерации се запамтени по едни од наголемите научници и изумители денес.
Имавме слобода, право на грешки, успех и одговорност. И научивме како да живееме со ова!
И вие сте дел од овие генерации? Честитки!
Поздрав генерацијо!