За пријателите на кои не им е важно какво ти е дома, туку дали имате вино и мезе

За луѓето што доаѓаат да ве видат, да поминат забавно време време со вас, да поделите вино и мезе, да се насмеете и да се забавувате, а на кои не им е грижа дали завесите ти мирисаат чисто, дали куќата е расфрлана со играчки, дали садовите ви се измиени.

za-prijatelite-na-koi-ne-im-e-vazhno-kakvo-ti-e-doma-tuku-dali-imate-vino-i-meze-01.jpg

Со карантинот од минатата година сите сфативме колку е тешко да се биде оддалечен од најблиските, но и од пријателите.

Колку е тешко да не можеш да ги видиш саканите луѓе, а премногу сакаш. Ни недостасуваа дружењата, седенките и вечерите поминати со добро вино, мезе и музика.

Сите ние имаме блиски пријатели со кои сакаме да го поминеме слободното време и со кои секогаш се чувствуваме добро.

Настрана излегувањата на кафе и дружењата, некогаш имаме потреба да поседиме во домашна атмосфера со пријателите, да отвориме шише вино и да се опуштиме и да се ослободиме, без да размислуваме премногу кога ќе си одиме дома.

Сакаме да се потсетиме на бројните моменти од минатото, да се насмееме на некои минати искуства, а и да креираме нови спомени на кои во иднина повторно ќе се смееме.

Добрите пријатели не доаѓаат дома за да видат дали ви се измиени садовите, дали ви е избришана прашината и дали ви е расфрлано – доаѓаат да ве видат и да ја поминете вечерта во добра атмосфера.

Доаѓаат кога знаат дека ви се потребни и дека ви е потребно некој да ви го поткрене расположението.

Кога ќе ви кажат дека доаѓаат, свесни сте дека не треба да брзате и да се подготвувате со часови, ниту пак дека ќе ви замерат ако не ви е сè во најдобар ред.

Знаете дека нема да ви проверат дали ладилникот ви е организиран, дали во фиоките имате хаос и дали завесите ви се чисти и испрани.

Пред нив немате потреба да се опседнувате премногу ниту со сопствениот изглед и облека. Кај вас се за да ве сослушаат, да ве разберат и да не ве осудуваат.

Ве сакаат такви какви што сте, а живеат за миговите кога ќе може да се договорите каде да се најдете: кај вас или кај нив.

Во вашиот дом се чувствуваат како „дома“. Не очекуваат да им бидете слуга и да ги гостите, туку со нив навистина можете да се опуштите и да се одморите, а заедно ќе се договорите што да нарачате за мезе.

Наздравете со таквите пријатели и опуштете се. Искористете го секој миг да уживате во заедничкото дружење.

Тагнете ги во порака за да знаат дека мислите на нив.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg