13 причини зошто ја сакаме баба и никој не може да ни ја замени во животот
Немале време да им се посветат целосно на своите деца, затоа што биле постојано во брзање, но затоа кога станува за внучињата, бабите се во целост посветени. Повеќето од нас имаат убави спомени од своите баби и сите сме барале утеха и заштита во нив.
Кога целиот свет е неправеден кон нас, баба е тука. Кога никој не нѐ разбира, баба е тука за да ја сподели со нас сопствената мудрост.
Тука е за да ни ги избрише солзите, да ни каже смешни приказни од некои минати времиња, да нè сака и разгалува, без да внимава на парвилата и на тоа што ќе го каже.
Во продолжение 13 работи што никој друг не знае да ги направи како баба:
1. Никој како баба не знае да направи јадење – вкусно, превкусно, прсти да излижеш;
2. Баба е тука да те смири кога мама и тато се лутат – да те прегрне и да ги искара што те налутиле;
3. Баба знае да сплете топло шалче, капче, калучнки и чорапчиња – шарени и уникатни;
4. Кога мама и тато брзаат за на работа, баба е тука за да ти обрне внимание, да те прошета, да ти зборува, да те разгалува;
5. Баба знае да ти ги оствари сите желби, кришум да ти купи чоколада, сладолед, па и да ја скрие и да ја испере извалканата маица, за мама и тато да не дознаат;
6. Кога никој не може да те разбере и да те сфати, баба е тука – да те сослуша, да те прегрне, да се насмевне и да ти каже дека сѐ ќе биде во ред;
7. Баба е тука за да те потсети дека и мама и тато некогаш биле деца – да ти каже дека си ист како нив;
8. Баба знае како скришум да го расчисти нередот што си го направил за мама и тато да не се лутат;
9. Баба никогаш не се откажува – Ако рекла дека мора да го испиеш млекото, тоа значи дека нема да мрднеш од дома додека не го испиеш млекото;
10. Никогаш не се жалат за нешто што го направиле за тебе – од баба нема да ги слушнеш зборовите „не можам“ или „уморна сум“;
11. Баба е тука за да ти даде совети, да ја покриеш половината, да се пресоблечеш кога си се вратил од играње, да те искара ако одиш бос...
12. Кога баба се смее, целата соба се осветлува и се исполнува со топлина, кога баба се лути и сака да биде строга, ние се смееме, знаеме дека нема срце на ни се налути;
13. Кога баба е тука, не ти треба никој друг.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело