Ми треба да одам на пуст остров да се изгубам од сè и сите

mi-treba-da-odam-na-pust-ostrov-da-se-izgubam-od-se-i-site-01.jpg

Дали има периоди од животот кога ви е премногу од сè? Од луѓе, настани, коментари, погледи, нечие присуство, притисоци, глумење, лажење, неисполнети ветувања...

Од луѓе кои го пикаат својот нос таму каде што не му е местото, од луѓе кои едно зборуваат, а друго прават, од луѓе кои сакаат да ве искористат, погазат, уценуваат, од луѓе кои глумат жртви, а всушност се безмилосни предатори.

И мене ми е на моменти. Кога ќе ми се собере сè.

Без енергија, со несоница, со милион тони револт во себе.

Со илјада неодговорени прашања, со зачуденост од туѓи постапки, со скептицизам кон туѓи зборови.

Секој еден сака да се наметне, да искористи, да ги задоволи своите лични интереси и потоа да си замине.

Ниту благодарам, ниту те разбирам, ниту ти треба ли помош, ниту признание.

Никој не те прашува како си, само ти кажува како е, ниту ти нуди утеха, само ти бара рамо за плачење, никој не мисли на тебе, а потоа лути се кога ти немаш време за нив.

И не дека во еден ден лавина се случува.

Работите се таложат, ги проголтуваш, се насмевнуваш, но потоа следува нова и нова и нова непријатност и едноставно повеќе не можеш, премногу ти е, пукаш.

Немаш на кого да се потпреш освен на себеси, немаш кому да се обратиш освен на својата рефлексија во огледалото, немаш кој да те ислуша освен глувите ѕидови во твојата соба.

Тогаш те преплавува бес помешан со немоќ, разочараност, те стега нешто однатре за сите неисполнети соништа, за сите преголеми жртви за луѓе кои всушност не биле вредни.

И во ред е денес да си нерасположен/а. И во ред е што вчера не можеше да заспиеш. Понекогаш потребно е да ги процесираш информациите, да не се лажеш за ситуацијата во која се наоѓаш, во ред е да те преплави очај, да си кажеш „не можам повеќе вака“.

Сите имаме такви денови и ноќи без разлика како ти се чини тоа тебе од страна.

Дозволи си емоциите понекогаш да те преплават, да не ти биде денот, да си признаеш дека си разочарана од луѓе и настани.

И тоа е дел од животот.

Утре е нов ден.

Ќе биде подобро.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
Цеце Николова за CRNOBELO лексикон: „Посакувам да имам свој дом“ „Неодамна купив еден добар џогер. На секое чистење си велам - најдобрата инвести...
Како денот ми стана „потоп“ затоа што не ја прочитав временската прогноза? Кога влегов дома, бев накисната до гола кожа. Избањата, потопена, мокра и никој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg