Еден чекор во туѓите чевли ќе ви каже дека тие не „бркаат“ кариера – туку со години се обидуваат да имаат деца

„Живееме во свет каде што полесно е да се разбие атом отколку предрасуда“ -  не залудно рекол големиот Алберт Ајнштајн.

EDEN-C~2.JPG

A пак ние луѓето сме навистина чудни битија... Навидум исти, а сепак толку различни.

А доволен е еден... Само еден чекор во туѓите чевли кој на „брутално“ молчалив начин ќе ја соголи реалноста.

Ќе сфатиме дека Марко од VI-3 со години ги носи истите, искинати патики - бидејќи живее во дом за деца без родители. А тој никогаш не го споменал истото.

Дека чичко Ѓоко не е излезен од хорор филм - туку неговите лузни се белег на хуманоста, бидејќи во младоста бил пожарникар.

Мајка му на Петар после работа чисти кај соседите - бидејќи нејзиниот сопруг Игор останал без работа. А другарите му се потсмеваа...

Еден чекор во туѓите чевли е доволен за да ги сфатиме солзите на старата, добродушна баба Вера - секогаш кога ќе ја чуе песната „Мотори“ - омилената на нејзиниот син Давид, страстен моторџија кој загина во сообраќајна несреќа. 

Срцето се кине и за Кико, соученикот кој седеше сам на одмор - бидејќи имал аутизам, постојано дрдорел и бил досаден.

Модринките на Марија сепак не биле од часовите по кик-бокс - туку од нејзиниот татко кој бил алкохоличар.

Дека Весна и Томче не „бркаат“ кариера – туку со години се обидуваат да имаат деца. А и да „бркаат“, што пак вам ве засега?!

Ќе сфатиме дека насмеаната колешка Неда, во себе носи голема тага и темнина бидејќи некогаш била безмилосно оставена.

Ех луѓе тој проклет чекор, колку може да раскаже...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg