Го сакам, но неговото семејство зависи финансиски од нас, мислам дека нема да бидам среќна ако се омажам – што да правам?
Љубов или пари, дилема која современото општество честопати ни ја наметнува. Изборот не е лесен, а девојка го почувствува ова на сопствената кожа откако ја раскажала својата приказна и побарала совет.
„Доаѓам од богато семејство, а мојот дечко е сиромашен. Неговото семејство финансиски зависи од него, а јас морав да помогнам во неколку ситуации. Мислам дека нема да бидам среќна доколку се омажам за него.
Уште отсега гледам дека целиот живот ќе имаме финансиски проблеми доколку останеме заедно. Кажете ми, постои ли причина да не ја раскинам оваа врска?“
Девојката која анонимно го поставила прашањето добила многу совети, а еден од нив е дека „парите не се ништо во споредба со вистинската, искрена љубов“.
„Може да се случи да ја раскинеш врската со искрено момче и да завршиш со богат женкар. Биди внимателна и добро размисли. Впрочем, тој можеби денес е шворц, а утре може да стане побогат и од твоето семејство“.
„Остани сама и задржи си ги твоите пари“ ѝ порачало друго момче, додека друг ја запрашал дали таа ќе се омажи за него или за неговиот паричник.
„Што ќе кажеш за неколку години кога неговата финансиска ситуација ќе стане подобра, како ќе се чувствуваш знаејќи дека си го оставила човекот што го сакаш затоа што паричникот му бил празен, а тој ќе биде среќен со друга жена?“
Дел од коментарите ја потсетиле дека најважните работи во животот, како љубовта и среќата се бесплатни, а стручни лица истакнуваат дека личностите со подобар материјален статус не треба да бегаат од бракот со некој што не е добро ситуиран, сè додека меѓу нив има искрена љубов и почитување.
„Никој не бира каде и како ќе се роди. Многу луѓе кои се израснати во сиромаштија имаат исклучително стабилни врски и станале не само успешни на економски план, туку имаат и семејства за пример. Меѓутоа, точно е дека социоекономскиот статус може да биде негативен фактор во бракот доколку не се постават граници. Важно е двајцата искрено да разговараат за тоа и да дојдат до заеднички став“.
Психотерапевтите советуваат пред да се стапи во брак да се оди на предбрачно советување со цел полесно да се донесе одлука.
Што мислите вие? Дали сте се нашле во ваква ситуација? Која одлука е правилна?