Чаршаф не се тресе навечер и уште 9 суеверија на кои нè учеа постарите - ги применувате ли?

Ви се случило ли да се фатите себеси како правите некои работи затоа што вашите баби и дедовци ве научиле од мали дека така треба или не треба да ги правите?

Sueverija-shto-ni-ostanale-od-babite-i-dedovcite-gi-pravite-li-ushte-01.jpg

Човекот учи додека е жив. Во денешно време, кога ги имаме сите услови и сите „информации“ на дланка, сепак некои од нас често може да се фатат себеси како сè уште практикуваат некои стари обичаи и суеверија.

Можеби некои веруваат во нив, а можеби за други се само изговор, сепак, ова се неколку најчести што ни биле вметнати во глава уште додека сме биле деца:

Чаршафот со трошки не се тресе навечер!

Во превод, кој јадел последен не мора да тресе чаршаф или може само да го стутка за следниот што ќе го земе да знае дека внатре има трошки. Ова исто така важи и за ѓубрето (не се фрла навечер).

Ако шиеш нешто што е облечено на детето, стави му конец во уста

Скинете мало парче конец и ставете му го на детето во уста! Да не му „се зашие“ мозокот.

charshaf-ne-se-trese-navecher-i-ushte-9-sueverija-na-koi-ne-uchea-postarite-gi-primenuvate-li-02.jpg

Кога тргнувате некаде на пат, прекрстете се – за среќен пат!

Ова можеби не е толку суеверие како фрлањето вода, ама од стари останало, кога тргнуваш некаде – прекрсти се!

Немој да седиш на ќошот од масата – нема да се омажиш/ожениш

Ако некој седи на аголот од масата тоа значи дека нема да се омажи или да се ожени, за омажените/оженетите не е проблем.

Кога одите во куќа каде што има немажена девојка, седнете пет минути за да седат стројниците

Адетот од старо време останал, ако влегувате во куќа каде што има немажена девојка, ред е да поседите малку за да не ѝ бегаат стројниците.

charshaf-ne-se-trese-navecher-i-ushte-9-sueverija-na-koi-ne-uchea-postarite-gi-primenuvate-li-05.jpg

Ако го смените местото на седење за време на јадење тоа ќе се одрази на брачниот живот

Ако го смените местото на седење, ќе го смените партнерот.

Ако некој оди на пат по него не се мете

Во помалите места уште важи правилото, кога некој оди на пат по него не се мете, не се поминува ниту со правосмукалка. Ако намерно метете по некого, тоа значи дека сакате да не ви се врати во куќа.

charshaf-ne-se-trese-navecher-i-ushte-9-sueverija-na-koi-ne-uchea-postarite-gi-primenuvate-li-03.jpg

Кога одите да видите бебе, „поплукајте“ трипати за да не го фатат уроци

Не само за бебе, штом некој ви е мил и штом сакате да му дадете комплимент – веднаш плукајте да не го фатат уроци... Пу! Пу! Пу...

Немој да јадеш со дрвената лажица

Не затоа што може да биде жешка, туку со дрвената лажица со која се мешало во јадењето не се јаде, затоа што ќе ти се „збрка“ паметот!

Немој да трошиш пари веднаш штом ќе земеш плата

Кога ќе земеш плата, однеси ги парите прво дома да преноќат, за да имате постојано пари во куќата.

Суеверија има еден куп, можеби некои од вас уште се придржуваат до нив, а некои сметаат дека се само „бабини - деветини“.

Кои се некои од суеверијата што вие сè уште ги практикувате или пак ве вадат од такт?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg