Да можев да бирам, немаше да изберам подобра сестра од тебе
Сестра која и кога ме осудува за потезите ми го обожава лудилото. Која е мојата стабилност кога светот ми се врти во круг.
Да бирав, немаше да изберам подобра сестра од тебе,
Немаше да најдам некоја која знае така добро да ме ислуша со внимателност и грижа,
Која ме сака со несебична мајчинска љубов,
Која има душа почиста од капка роса и е поим за добрина среде ова материјалистичко и себично општество,
Која секогаш има добар збор за мене и за секого,
Која сѐ би дала за да не ми фали влакно на главата,
Која знае што чувствувам и без да кажам,
Која вложува енергија од петни жили да ме врати на вистинскиот пат кога ќе застранам,
Која ме учи како да бидам подобар човек,
Која знае за емпатија повеќе од кој било што го познавам,
Која верува во мене и тогаш кога и самата не верувам во себе,
Која ми го сфаќа хуморот повеќе од кој било,
Која со насмевка ме лекува,
Која ми простува и кога сум најлоша,
Која ме познава подобро од кој било друг,
Која не може да си го замисли денот без мене,
Која и кога ме осудува за потезите ми го обожава лудилото,
Која е мојата стабилност кога светот ми се врти во круг,
Која е тука кога најмногу ми треба,
Без која животот не би бил ист,
И за која морам да кажам „Фала животе“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело