„Тато, да можев да бирам од милион татковци на светов, тебе би те избрала пак“

Тој никогаш не ме стави во ситуација јас да треба да бидам родителот, а тој детето кое неутешно плаче за јас да треба да го тешам. Дури и кога страдал, страдал зад затворени врати за ниту сенка загриженост да не помине на моето лице. Затоа за мене секогаш бил и ќе биде моето безбедно пристаниште.

tato-da-mozhev-da-biram-od-milion-tatkovci-na-svetov-tebe-bi-te-izbrala-pak-01.jpg

Еден ми е и единствен нормално, но и од милион други да би бирала секогаш би го избрала него за татко.

Секој ден сум му благодарна за начинот на кој ме воспита, за тоа во каква личност ме израсна.

И кога гледам какви слаби и кршливи луѓе има околу мене, а јас сум силна и подготвена за борба со ветерници во секое време, знам дека тој е „виновникот“ за тоа.

Многу полесно минувам низ животот затоа што ме научи како да го сакам животот, како да се борам низ него и како никогаш да не ја спуштам главата долу пред никој и ништо.

Ме научи дека треба да ги правам работите што ги сакам, дека треба да живеам како што сакам и дека сѐ што правам треба да правам со цело срце, а не со половина душа.

И кога љубам некого и кога работам и кога сонувам тоа да го правам од петни жили и да не се смирам додека не го реализирам тоа што ќе го наумам.

Никогаш да не се задоволам со тоа да бидам просечна, туку секогаш да се стремам да бидам најдобра.

Никогаш да не си речам се откажувам, туку да работам на тоа да успеам.

Никогаш да не се давам во солзи, туку да знам како сама да се соберам и да продолжам понатаму.

Никогаш да не кукам и да не се самосожалувам и постојано на ум да имам дека животот е прекраток за да го минам во горчина.

Но, исто така никогаш и да не заборавам дека и на најсилните им се случува да имаат лоши денови и дека во такви денови тој е тука за мене.

Мојата карпа, мојата сила, мојот пример како треба во животот.

Тој никогаш не ме стави во ситуација јас да треба да бидам родителот, а тој детето кое неутешно плаче за јас да треба да го тешам.

tato-da-mozhev-da-biram-od-milion-tatkovci-na-svetov-tebe-bi-te-izbrala-pak-02.jpg

Дури и кога страдал страдал зад затворени врати за ниту сенка загриженост да не помине на моето лице.

Затоа за мене секогаш бил и ќе биде моето безбедно пристаниште.

Се сеќавам кога бев мала, се случуваше да се пресече на пример, му тече крв без прекин, а тој вели ништо страшно ќе помине. Оди, смирено си зема завој. Не паничи, не кука, не лелека.

Од мала ме учеше дека паниката само те блокира и дека токму во најтешките и најнеочекувани ситуации треба да бидам со смирена и студена глава за да успеам да донесам правилна одлука.

Со паника не се постигнува ништо, дури и да гори малечка, ти диши длабоко и размислувај, ми велеше и верувајте дека тоа ми помогна во животот повеќе од што било друго.

Смирена сум, трезвена, дури и кога гори и од кожа ме вадат луѓе не сфаќаат дека со панично реагирање на настаните не постигнуваат ништо, само си одмогнуваат и себе и на другите.

И тоа е само една од малкуте значајни лекции за кои сум му благодарна и велам „Фала, мој хероју за личноста што ме направи да бидам“. Од срце сум ти благодарам што ме израсна во силна личност каква што си ти целиот твој живот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Игор Џамбазов за CRNOBELO лексикон: „Немам деца, а би сакал да имам“ „Срушив трафика на Нова Македонија со моторче, кога имав 13 години“ - напиша Иго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg