Приказна: Колку треба да работите?

Некогаш одамна си живееле штурецот и мравката кои биле големи пријатели. Мравката цела есен работела и спремала залихи за зимата.

prikazna-kolku-treba-da-rabotite-001.jpg

Не одмарала ниту еден сончев ден. Не се напила ниту едно пиво со пријателите. За тоа време штурецот се шетал по кафани, се забавувал, пеел, свирел и уживал. Воопшто не се замарал со зимата која веќе била на вратите.

Стигнала зимата, и изморената мравка се сокрила во својот скромен дом полн со храна.

Само што ја затворила вратата, слушнала пред врата некој како чврчка.

Стоел пред ферари со кожни седишта облечен во армани одело.

Штурецот и рекол на мравката:

- Поздрав пријателе! Одам јас за Париз! Ќе може ли да ја причуваш и мојата куќа зимово?

- Па секако, рекла мравката. А, ти, како, од каде пари за да одиш во Париз? За Ферари и Армани?

- Е, драги мој – среќа. Летово додека пеев во еден локал ме чу еден познат француски продуцент со кој потпишав договор за турнеја низ Франција. Сакаш ли да ти донесам нешто од таму?

- Не фала! – рекла мравката. Но, ако го сретнеш господинот Ла Фонтен, испрати го по ѓаволите од мое име!

А, поуката од басната?

Искористете го животот и најдете вистински сооднос меѓу работата и слободното време. За премногу работа награда може да добиете само во басните на Ла Фонтен.

Не заборавајте! Уживајте во животот затоа што е единствен!

Ако не ви успее да ја најдете својата половина од портокалот, не грижете се. Уживајте во лимоните! Зашеќерете ги и со неколку коцки мраз промешајте ги во чашата...

Животот е убав!

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Некогаш vs. сега: Како изгледаат денес ѕвездите по кои лудувавме во 1990-те? Брендон од Beverly Hills, Ејдан од Sex and the City - колку се остарени ѕвездите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg