Писмо: Жена на компјутерџија
Кратко писмо од жената на еден компјутерџија. Ова писмо на мошне реален начин ќе го отслика игнорирањето на околината кога некој ќе се сконцентрира на работата пред својот компјутер.
Драг мажу,
-->
Ти го испраќам ова писмо во лажен коверт од некоја компјутерска компанија, за да бидам сигурна дека ќе го прочиташ. Те молам прости ми за оваа измама, но мислев дека треба да знаеш што се случува во нашата куќа во последните две години, откако го купи компјутерот. Децата се добро. Марко наполни 7 години и нацрта портрет од целото семејство. Би бил многу горд кога би видел колку добро те нацрта тебе. Столицата и врвот на твојата глава од позади изгледаат многу реалистично. Маја наполни 3 години овој септември. Сè уште е пресреќна што го помина со нас нејзиниот роденден. Вели тоа и бил најубавиот ден, иако врнеше и немаше струја. Јас сум исто така добро. Се бојадисав плава минатата година. Мојот шеф се грижи за мојата кариера и ни стана многу близок фамилијарен пријател.
-->
-->
Кога забележав дека не ти смета кога усисувам околу твојата столица, забележав дека и одржувањето на куќата е многу полесно. Куќата изгледа добро. Не знам дали забележа, ги бојадисав ѕидовите минатата пролет.
-->
Епа, драги мој, морам да одам да се пакувам. Мојот шеф ќе не носи на скијање. Платив чистачка да се грижи за тебе додека нас не нема. Ќе ти досипува кафе и ќе ти го носи јадењето на биро – баш онака како што сакаш.
-->
Се надевам дека ти и твојот компјутер ќе си поминете убаво додека нас не нема. Марко, Маја и јас често мислиме на тебе. Обиди се да помислиш на нас кога ќе правиш рестарт. Со љубов, Твојата сопруга. |