Детски афоризми
Многу често она што ќе го кажат децата може да звучи многу мудро, некогаш ќе нè насмее, а понекогаш и ќе не изненади.
Овие детски афоризми дефинитивно ќе ви измамат насмевка:
Брат ми и јас денес изедовме цела тегла мармалад.
Вечер ќе добиеме или пролив, или ќотек!
Не разбирам зошто е мама толку лута што ја скршив вазната.
И онака беше кинеска, а не наша!
Во телевизорот работат мали луѓе, а во радио нивните деца!
Баба отиде на оној свет.
Сега и ние имаме некој во странство!
Ја погодивме со топка жена му на соседот.
Сега соседот ни е главен спонзор.
На нашата сосетка мајка ми и гледа во филџан, а татко ми во нозете!
Сестра ми повторно го заврши одделението со одличен успех – сите петки.
Сигурно намерно ми го прави ова!
Мама и тато денес слават годишнина од брак.
Сите го знаеме тоа, освен тато.
Кога мама и тато ќе се заклучат во спалната соба, следниот час можам да правам што сакам.
Ух, што го сакам тој секс!
Го прашав тато зошто тој ја бричи брадата, а мама нозете.
Ми рече дека секој се бричи онаму каде што го гледаат.