Ако истуриш кафе - ќе добиеш пари и уште неколку стари народни верувања

Сите си веруваме во нешто за среќа, но има народни верувања кои се стари со генерации и се префрлаат од колено на колено.

ako-isturish-kafe-ke-dobiesh-pari-i-ushte-nekolku-stari-narodni-veruvanja-001.jpg

Не мора слепо да верувате во нив, но добро е да ги знаете.

Зошто некои луѓе се поместуваат од место или чукаат во дрво? Можеби овие стари народни верувања ќе ви објаснат некои работи или ќе ви откријат нови:

1. Не оставај недопиен пијалак на гости – така им оставаш кавга во куќата.

2. Што ќе сонуваш на првата ноќ во новиот дом – ќе ти се исполни.

3. Ако рано наутро ти се случи некоја незгода – тој ден не започнувај ништо важно.

4. Ако скршиш чаша, тоа најавува среќа.

5. Јајцето со две жолчки значи дека некој во скоро време ќе прави свадба. Јајцето пак без жолчка, претставува лош знак и голема несреќа.

6. Кога ќе видиш пајак – не го убивај, бидејќи носи пари.

7. Ако ти се истури кафе низ дома – очекувај да добиеш пари.

8. Не е добро да се менува вереничкиот прстен, за животот да не се промени наопаку.

9. Ако туѓо куче ти застане пред врата и лае, тоа е најава за среќа и не би требало да го бркате.

10. Ако префрлите облека на столчето – некој ќе се разболи.

11. Ако се спомнува некоја несреќа, болест или друга лоша работа, треба да се поместите од место – за да не ви се случи истото.

12. За во домот секогаш да има пари, метлата се чува со рачката свртена надолу.

13. Ако лижеш храна од ножот – ќе се разболиш.

14. Ако дечко и девојка си подарат часовник – следува раскинување.

Кое е најчудното старо, народно верување кое сте го слушнале вие?

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg