Зошто го сакам Градскиот парк во Скопје?

zoshto-go-sakam-gradskiot-park-vo-skopje-01.jpg

Затоа што е убав во секое годишно време.

Затоа што таму полнам батерии и празнам глава.

Затоа што некои клупи ми ги раскажуваат најубавите мигови од младоста.

zoshto-go-sakam-gradskiot-park-vo-skopje-02.jpg

Затоа што одев боса низ него после бурна диско ноќ во летните локали.

Затоа што ми враќа мирис на детството кога се возев и забавував на реквизитите во Луна паркот.

Затоа што уживав во миговите минати на Панормското тркало.

zoshto-go-sakam-gradskiot-park-vo-skopje-03.jpg

Затоа што е преполн со вљубени парови, насмеани дечиња, луѓе со миленици.

Затоа што сечие лице изгледа порелаксирано среде таа прекрасна природа и сите барем на миг забораваат на животните проблеми и товарот на своите плеќи.

zoshto-go-sakam-gradskiot-park-vo-skopje-07.jpg

Затоа што сакам да седам покрај езерцата и да гледам како небото се огледува во нив.

Затоа што ми е блиску до дома, а ми полни батерии како да сум појдена на некое далечно планинско излетничко место.

zoshto-go-sakam-gradskiot-park-vo-skopje-06.jpg

Затоа што тука ги лечам моите немири за миг.

Затоа што е бегство од бетонското сивило на Скопје.

zoshto-go-sakam-gradskiot-park-vo-skopje-08.jpg

Затоа што има најубаво кафе, најшарени сладоледи и највкусни палачинки.

Затоа што дише во ритамот на Скопје.

zoshto-go-sakam-gradskiot-park-vo-skopje-09.jpg

Затоа што колку пати и да го посетам секој нареден пат откривам нова негова убавина.

Затоа што за мене секој час минат таму е еднакво на ништо помалку од чиста среќа.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / Фото: С. С. 

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Скопје мое! Те сакам тебе и твоите липи на Партизанска, јапонски цреши на Максим Горки и калдрмата в... Ах, тие твои магични кафулиња на секое ќоше, сончевите денови, Воднооо, Градскио...
Кога си го возам бебето во количка низ Скопје ми требаат „супер моќи“ Постојано се качувам и симнувам од тротоар поради паркирани автомобили, правам р...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg