Домаќинка vs. вистинска жена
Дали знаете да разликувате дама од вистинска жена? Дали е тоа став или во прашање е карактер?
На кратко, според следните совети, видете каде вие се пронаоѓате.
1. Што кога ќе се пресоли јадењето?
- Домаќинки – Ако случајно го пресолите јадењето додека се готви, додадете еден излупен компир и тој ќе ја впие солта која е вишок.
- Вистинска жена – Ако го пресолите јадењето додека готвите, тоа е навистина лошо. Ве молиме повторувајте по нас: „Јас тоа го готвев, и ти има да го јадеш и ич не ме интересира колку е лошо на вкус!“
2. Лек за главоболка
- Домаќинки – Земете лимон, преполовете го на пола и втријте го во челото. Пулсирањето ќе престане.
- Вистински жени – Земете лимон, помешајте го со текила, малку сол и напијте се. Можеби ќе имате уште поголема главоболка, но кој му се секира?
3. Кога ќе се растече сладоледот
- Домаќинки – На дното на корнетот ставете салвета за да се спречи течењето на сладоледот.
- Вистински жени – Едноставно исшмукајте го сладоледот одоздола. И онака најверојатно јадете пред телевизор, седнати на кауч.
4. ′Ркулци на компирите
- Домаќинки – За да го спречите ркулците на компирите, додадете едно јаболко во вреќата со компири.
- Вистински жени – Купете готово пире и нема да мора да се грижите за израстоците на компирите.
5. Рецепт за колачи
- Домаќинки – Кога рецептот за колачи бара истурање брашно со калап, употребете малку посува смеса за колачот за да не останат траги од брашното по колачот.
- Вистински жени – Одете во слаткарница. Таму дури и ќе ви го украсат.
6. Проблем при отварање тегла
- Домаќинки – Ако имате проблем со отворање на тегла, пробајте со гумени ракавици за миење садови.
- Вистинска жена – Одете и замолете го згодниот комшија да го направи тоа за вас.
7. Остатоци од вино
- Домаќинки – Немојте да ги фрлате остатоците од вино. Замрзнете ги во вид на коцки мраз за следна употреба при готвење.
- Вистински жени – Остатоци од вино???