Не фала, не сакам маж со кој треба да одам на прсти за да не го вознемирам
Не, не сакам маж со кој ќе треба да внимавам како дишам за да не се вознемири,
Не сакам маж со кој ќе треба да го промислувам секој збор и секој потег,
Не сакам маж кој ќе ми го отежнува, наместо олеснува животот,
Не сакам маж кој во домот ќе си дава за право да воведува диктатура,
Не сакам маж кој смета дека неговиот збор треба секогаш да биде последен само затоа што е маж,
Не сакам маж со кој треба да се молам секое утро да не се разбуди на лева нога и да не му бидам повторно на пик,
Не сакам маж со кој морам да заборавам на моите соништа само затоа што тој смета дека се безвредни,
Не сакам маж со кој ќе треба да одам како по јајца за некако да не го предизвикам неговиот бес,
Не сакам маж кој носи одлуки без да ме праша за мислење,
Не сакам маж кој смета дека не сум доволна добра никогаш и во ништо,
Не сакам маж кој ме потценува само од причина што сум жена,
Не сакам маж кој живее во минатиот век,
Не сакам маж кој не ја разбира поентата на љубовта, бракот и заедништвото.
Едноставно, не сакам маж кој ми го загорчува животот.
А, зошто би сакала???
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело