Кога повторно би можела да го проживеам животот, што сѐ би направила поинаку...
На социјалните мрежи кружат зборовите од американската писателка Ерма Бомбек кои освестуваат околу тоа како треба да се живее животот.
Кога повторно би можела да го проживеам животот...
Би отишла во кревет порано кога сум болна, наместо да верувам дека светот ќе се сруши ако не сум присутна.
Би ја запалила украсната мирислива свеќа дома за да уживам во неа, наместо да ја чувам да фаќа прашина.
Помалку би зборувала, а повеќе би слушала.
Би ги канела пријателите на гости дури и кога тепихот е нечист, а каучот со флека.
Би јадела пуканки во кревет и не би се грижела дали сопругот ќе направи нечистотија додека го пали каминот.
Би издвоила време за слушање на мојот дедо и неговите приказни од младоста.
Би преземала дел од одговорностите кои ги носи мојот сопруг.
Никогаш не би инсистирала прозорците да бидат затворени на топол ден само за да не се уништи мојата исфенирана коса.
Би седела на тревата, без оглед дали ќе настинам или ќе си направам флека на фармерките.
Помалку би седела пред телевизорот, а повеќе би го впивала животот.
Никогаш не би купила ништо само затоа што е практично или има доживотна гаранција, a не ми треба.
Наместо едвај да чекам да поминат деветте месеци бременост, би го ценела секој миг и би уживала во тоа што во мене се случува магија и чудото на животот.
Кога децата би ми рекле да си играме, не би им кажала подоцна, сега имам работа.
Повеќе би кажувала „Те сакам“, отколку „Жал ми е“.
Кога би имала втора можност за живот би го ценела секој миг и никогаш не би губела време на минатото.
Би престанала да се препотувам за мали и неважни работи.
Би престанала да се грижам кој ме сака, кој што прави, кој колку има и би почнала да се концентрирам на односите со саканите луѓе.
Би размислувала со што сѐ сум благословена и што би можела да направам секој ден за да се подобрам интелектуално, физички и емоционално.