Не, уште не сум трудна и „да“ работиме на случајот ама не е „плукни – залепи!“

Веројатно празниците се оние денови кога голем дел од вас добивте честитки од типот „Па ајде годинава едно бебенце“, „Работите ли на случајот“, „Годинава и братче да си дочека Мила“ и сл.

ne-ushte-ne-sum-trudna-i-da-rabotime-na-sluchajot-ama-ne-e-plukni-zalepi-01.jpgфото: Инстаграм

Честопати од причина да бидете културни одговарате „Да, важи“, „Ќе биде, да сме живи и здрави“, „Имаме други планови“ – но, никој не го гледа она што лежи во позадина.

Никој не помислува на бројните негативни тестови за бременост во текот на целата година.

На планот за „сексуални односи“ кој ви го направи вашиот гинеколог.

На купот инјекции кои ги примивте при второто Ин витро.

На фактот што апсолутно ја изгубивте желбата за секс во меѓувреме заради сите притисоци од страна.

На тоа дека едноставно, можеби и ќе се помирите дека не сте во можност да имате дете.

На болката во градите кога ги гледате мајките со бебиња наоколу.

На солзите кои ви доаѓаат секогаш кога некој ќе ве „подбуцне“ со овој тип на прашања.

Не сте сами и не сте единствени.

Научете се да ги игнорирате сите кои се обидуваат да се мешаат во вашата приватност.

Одберете да не слушате совети од луѓе од кои не сте ги побарале.

Одберете да бидете среќни и да живеете и уживате во секој нов миг и ден.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
Не можете да исплашите жена која научила да се бори сама Кога жената ќе научи да се бори сама, не зборуваме за физичка сила, туку за мент...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg