Ќе ми требаш во староста кога ќе станам „извеан“ да ми кажеш: „Подобро мозокот, отколку срцето“
Ќе ми требаш во староста кога ќе „мрчам“ бидејќи нема да можам да си ги најдам очилата, а ти да ми кажеш: „Ете ти ги на носот, старо едно! Вака и срцето ќе си го бараше, да не бев јас да ти кажам дека ти е на место!“
фото: depositphotos.com
Ќе ми требаш во староста, со радост да се сеќавам на тебе, а не со тага.
Ќе ми требаш во староста, да те опоменам кога ќе кажеш: „Ех, кога ќе ми текне каква бев“ – дека не смееш да зборуваш вака во мое присуство бидејќи мене си ми поубава од кога било.
Ќе ми требаш во староста за да се зезаме кога некој ќе не праша „кај ви е младоста“.
Кога ќе станам „извеан“ да ми кажеш – „Подобро мозокот, отколку срцето“.
Ќе ми требаш во староста, за да не дозволиш да остариме.
Ќе ми требаш во староста за да ми кажеш: „Нели викаше дека не можеш да ме сакаш повеќе отколку кога бевме млади?“
Ќе ми требаш во староста за да ме пцуеш кога тврдам дека докторите немаат појма од ништо и нема да пијам лекови затоа што ти си најдобар лек за моето срце.
Ќе ми требаш во староста за да ме избркаш од кујната кога ќе правиш колачи и да ми речеш: „Стрпи се, бетер си од дете!“
Ќе ми требаш во староста, како што ми требаш и сега, само многу повеќе.
Ќе ми требаш за да ме прашаш: „Не се замараш пак со тоа нели?“, а јас да ти кажам „Јас секогаш се грижам за тебе!“
Ќе ми требаш во староста да ми кажеш: „Извини што ти викав“, а јас да те тешам: „Не те ни сфатив сериозно!“
Ќе ми требаш во староста кога ќе ми речеш „Дедо“, да ти кажам „Повели пиле мое пргаво“.
Ќе ми требаш во староста, да те сакам и кога староста ќе ме напушти...