Маж без усул

 Како најчесто започнуваат караниците помеѓу мажите и жените? Колку голема причина е потребна за да ви дојде преку глава и да започнете расправија?

maz-bez-usul-001.jpg

Неколку примери:

1. И предложив на жена ми во супермаркетот да купиме пиво за 500 денари. Рече дека не доаѓа предвид и без да ми каже си купи крема за лице од 1.500 денари. И реков дека ќе изгледаше поубаво со гајба пиво отколку со кремата. И така започна караницата...

2. Пред некој ден ја прашав жена ми каде сака да одиме за годишнина од брак. Таа ми рече: „Некаде каde што не сум била до сега никогаш.“ И предложив да одиме во кујната. И така започна караницата...

3. Додека ја гледав својата омилена емисија, жена ми седеше покрај мене и ме праша: „Што има на ТВ?“ – „Прашина“ и реков. И така започна караницата...

4. Жена ми изрази желба за роденденски подарок. Ми рече: „Сакам нешто црвено што може да оди од 0 до 100 за 3 секунди“. И купив црвена вага. И така започна караницата...

5. Жена ми се погледна во огледалото и беше незадоволна од она што го гледа. „Се чувствувам ужасно, имам вишок килограми и темни подочници“. Веднаш и дадов комплимент за да и олеснам. И реков дека затоа пак видот и е совршено добар. И така започна караницата...

6. Бев со жена ми на годишнина од нејзина матура. Еден од присутните не престана да пие чашка за чашка. Ја прашав жена ми дали го познава. „Секако“ ми рече, „долго бевме заедно и кога раскинавме почна да пие и од тогаш не престана“. А, јас и велам: Кој би рекол дека толку долго ќе слави човече... И така започна караницата...

Кој вели дека мажите се со усул?!

Би можело да ве интересира:

Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg