Да си жив, да бидеш здрав, да не должиш никому ништо - што е среќа?

Среќа е да се има покрив над главата. Среќа е да се стави јадење на масата. Среќата значи да го вкусите првото утринско кафе, топло, вкусно и мераклиско во 5 минути тишина само за себе.

Sto-e-srekja-01.jpg

Среќа е да има барем една личност во животот која ќе ви каже дека ѝ недостигате, дека сака да ве види, дека ја правите среќна. Среќа е да се сака. И да се биде сакан.

Среќата значи здравје. За себе и за своите најблиски, најсакани. Среќа е кога си здрав, кога не те оптоваруваат грижи во врска со добросостојбата на телото и умот.

Дај боже среќата да се криеше во материјалните работи, иако многумина го мислат токму ова. Камо среќата да можеше да се купи со скапи парталчиња, со големи куќи и станови и луксузни автомобили. Да, привремено ќе бидеш среќен. Но, по некое време ваквата привидна среќа ќе избледи.

Среќата е во малите нешта. Среќа е да си насмеан. Да заспиваш мирно, без грижа на совест. Среќа е да сонуваш убави соништа. Среќата значи да имаш верба. Верба во некого, во нешто. Среќа е да се има надеж која никогаш не згаснува, макар и да тлее како мало пламенче дури и при најсилната бура.

Среќа е да не должиш никому ништо. Среќа е да имаш „образ“, среќа е да не се срамиш од себе, од своето минато, од твоите, од она што си. Среќа е да се сакаш себеси.

Среќа е да бидеш жив. Да можеш да го вдишеш секој нов ден во градите и да го впиеш со очите.

Среќа е да те гушне некој со сета сила додека не ти затрепери срцето и не ти крцнат коските. И среќа е да возвратиш на таква прегратка.

Среќата значи да си слободен. Да одиш онаму каде што сакаш, да го правиш тоа што душата ти сака и да бидеш она што вистински си.

Среќата значи да се нема предрасуди, да не се облеваш со злоба или горчина. Среќа е да имаш искрени емоции, топло срце, чиста, неизвалкана душа.

Среќата е она што си го крои секој од нас за себе. И малку ѕвездена прашина од небото.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg