Застани жено... Ништо не мораш! Одмори малку!

zastani-zeno-nisto-ne-moras-odmori-malku-01.jpg

Застани жено малку... Одмори... Ништо не мораш, ништо не треба.

Утре да те нема, повторно сè ќе тече, сè ќе се случува без тебе.

Ќе им недостасуваш на најблиските некое време... но целото тоа требање и морање ќе се одвива и без тебе.

Не си наметнувај на себе повеќе отколку што можеш да издржиш. Бидејќи не си магаре. Жена си.

Сосема е во ред што денес не зготви ручек и не стигна да насечкаш салата, да ја одмрзнеш сармата која стои во длабоко уште од јануари.

Нема да им испарат сите витамини за само еден ден.

Нека, остави ја и прашината. Слушам пеглаш пешкири и чорапи. Запрашај се само, дали животот е замислен за да го поминеш во пеглање? Мора да има и подобри начини.

Свари си кафе и конечно читај ја книгата која ја купи за денот кога ќе имаш малку слободно време.

Бидејќи, да ти кажам една тајна... Никогаш нема да имаш доволно време. Немаме ние време, туку времено нè има нас.

Затоа, ослободи си минута за себе, па и неколку часа и денови.

Одмори ја душата и биди сами ти. Пробај барем малку да не бидеш ни жена, ни мајка, ни кралица. Твојата штитна жлезда ќе ти биде благодарна!

Одмораш ли доволно?

zastani-zeno-nisto-ne-moras-odmori-malku-02.jpg

А и на кого му е гајле? На никого... Одговорот секогаш ќе биде: Па, кој ја тераше? Да, да, баш така!

Застани жено... И натерај се себеси да мислиш. Има ли твоето живеење цел? Те цени ли некој?

Те прашувам тебе и сите жени на светов...

Затоа застанете, одморете... Животот продолжува и после вас. Времето нема да застане заради тебе, мене...

Извор

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg