Дали сте знаеле дека...
Дали сте знаеле дека кога завидуваме некому, тоа е затоа што таа личност всушност ни се допаѓа? Дали сте знаеле дека оние кои изгледаат на прв поглед многу силни, всушност имаат чувствително срце и се многу ранливи?
Ова се неколку работи кои можеби не сте ги знаеле:
1. Оние кои ги секогаш ги бранат другите, имаат потреба од некој кој ќе ги брани нив.
2. Три нешта кои се најтешки да ги изговориме: те сакам, прости ми, помогни ми. Луѓето кои ги кажуваат од срце ја чувствуваат нивната тежина. Тоа се луѓе кои мораш да ги почитуваш и цениш.
3. Луѓето кои им прават друштво и им помагаат на другите, всушност имаат потреба од друштво и помош за себе.
4. Луѓето кои носат црвено се сигурни во себе.
5. Луѓето кои носат жолтo знаат да уживаат во сопствената убавина.
6. Луѓето кои носат црно сакаат да останат незабележани и имаат потреба од твојата помош и разбирање.
7. Помошта кон другите, секогаш ќе ти се врати двојно.
8. На оние на кои си им најмногу потребен, тебе не ти значат ништо.
9. Работите кои се најтешки да ги направиш или кажеш се повредни и од најскапите нешта кои може да се купат со пари.
10. Ако нешто замолиш убаво, сигурно ќе го добиеш.
11. Дали знаеш дека можеш да ги оствариш своите сништа, можеш да се заљубиш, да станеш богат и да останеш здрав...ако веруваш во своите сништа, ќе се изненадиш што се си способен да направиш.
12. Не верувај во ништо што ќе ти кажат, додека не пробаш сам.