10 нешта што се случуваат ако сте силна личност која моментално е уморна
Дури и најсилните личности се изморуваат од тоа да бидат силни и се препуштаат на ранливоста и несигурноста.
Ова е сосема нормално да се случува, но проблемот може да се појави ако не препознаете дека сте уморни.
Доколку сте силна личност, која сега е уморна, тогаш ви се случуваат некои од следниве нешта, а можеби и сите:
Не се форсирате да правите нешта
Веќе не сте личноста која се појавува на сите настани каде е поканета, ниту пак се трудите да се орасположите кога не ви е денот. Сега сте покомфорни со процесот на прифаќање на своите емоции, наместо да се трудите да ги заобиколите.
Поискрени сте за своите чувства
Кога некој ќе ве праша како сте, не лажете и кажувате како навистина се чувствувате затоа што знаете дека лагите само ја влошуваат ситуацијата.
Би побарале помош
Некогаш сите борби ги водевте сами, но сега знаете дека ако има потреба од тоа, нема да се срамите да побарате помош.
Имате помалку трпение и толеранција
Веќе немате ниту нерви ниту трпение да толерирате глупости од другите луѓе и веднаш давате до знаење кога нечие однесување или зборување ви пречи.
Некогаш мислите дека сте странец кон себе
Во минатото секогаш бевте свесни за себе и за своите можности, а постојано имавте и желба да помагате. Сега ви се случува да не се препознавате себе, бидејќи сите тие години кога бевте силни, го земале својот данок.
Луѓето помалку ве разбираат
Најблиските забележуваат дека има промени кај вас, а оние подалечните се трудат да ви остават доволно физички простор околу вас. Можеби некои ќе помислат дека не ви се допаѓаат, но тоа не треба да ве загрижува.
Не можете да лоцирате извор на емоција
На пример, не можете да сфатите од каде доаѓа вашиот умор и зошто веќе не сте онаа силна личност која сите ја ценеа поради тоа.
Ги преиспитувате животот и одлуките
Некогаш бевте сигурни дека одите по зацртаниот пат и го исполнувате она што го сакате. Сега, веќе не можете да игнорирате емоции, па се прашувате дали направивте сè што е во ваша моќ за да бидете среќни.
Знаете дека е здраво да сте ранливи
Веќе не ви пречи ранливоста и не ја гледате како слабост. Веќе доволно пораснавте за да знаете дека тоа е нормално и дека за среќа, досега одржавте доволно пријателства за да имате поддршка во тоа.
Знаете дека кога-тогаш повторно ќе бидете силни
Свесни сте дека ова е привремена состојба и затоа не се борите, ниту пак игнорирате. Јасно ви е дека по оваа фаза, ќе бидете уште посилна личност.
Е. Д. | Црнобело