Што се крие во срцето на луѓето кои уживаат да бидат сами?
Лицата кои уживаат во самотијата се свесни за своите силни, но и слаби страни, а сепак имаат и одредени карактеристики кои ги прават различни од другите.
Иако често ги етикетираат како срамежливи или луѓе со ниска самодоверба, тоа е далеку од вистината. Тие точно знаат што сакаат, а најлесно ќе го реализираат тоа кога ќе се повлечат од сè друго.
Ова се карактеристики кои тие луѓе ги имаат:
Неверојатна емоционална сила
Тие поминуваат многу време со себе и своите мисли и емоции, па затоа и имаат подобро разбирање за нив.
Природно се емпатични
На другите гледаат со многу емпатија и разбирање, а и лесно даваат поддршка на оние на кои им е тешко.
Отворен ум
Овие луѓе сакаат нови искуства и различни перспективи, иако на другите им изгледа како да се работи само за рамнодушност.
Свесни се за своите несовршености
И што е најважно, не се обидуваат да ги кријат.
Го ценат своето време
Но, секако, го ценат и туѓото, бидејќи знаат колку времето им е значајно на сите.
Интуитивни се
Имаат длабоко разбирање за себе и околностите бидејќи имаат доволно време и простор да ја избистрат својата интуиција.
Лојални, но независни
Имаат ограничен круг на пријатели на кои се лојални, но никако не се зависни од нив.
Ги почитуваат границите на другите
А за возврат бараат и другите да ги почитуваат нивните граници.
Храбри се и зрели
Нив не им е тешко да се соочат со светот, благодарение на својата рационалност, смиреност и способност да ги решаваат нештата пред да прераснат во сериозни проблеми.
Се сакаат себе
Тие себе си се најважни, а тоа е очигледно и по времето кое сакаат да го поминуваат сами.
Е. Д. | Црнобело