Ех, кога жените би знаеле (2)
Кој би рекол дека мажите имале толку мака на душата? Во продолжение следува вториот дел од работите кои мажите сакаат да им ги стават до знаење на жените.
Првиот дел може да го прочитате ОВДЕ.
1. Немој да не прашуваш на што мислиме во моментот, освен ако не си подготвена да разговараш на теми како процесори, мотори на коли и фудбалски формации.
2. Недела = спорт.
3. За нас пивото е подеднакво забавно како што за вас се чантите.
4. Ако треба некаде да одиме, ама што и да имаш облечено е во ред. Стварно.
5. Имаш доволно облека.
6. Имаш премногу чевли.
7. Плачењето е уцена.
8. Твојот бивш е идиот.
9. Побарај што ти треба. Да се разбереме нешто: суптилни сугестии не помагаат. Силни сугестии не помагаат. Стварно очигледни сугестии не помагаат. КАЖИ ШТО ТИ ТРЕБА!
10. Не, не знаеме кој ден е. Никогаш нема ни да знаеме. Обележи ги сите годишнини на календар што знаеш дека го проверуваме.
11. Не читаме мисли и никогаш нема да читаме. Нашиот недостаток од телепатски способности не е доказ дека не се грижиме за тебе.
12. Најголем дел од момците имаат три пара чевли. Како очекуваш да ти помогнеме да одбереш кој од 30-те пара чевли ти стои добро на фустанот.
13. Да и не, се перфектно прифатливи одговори на речиси секое прашање.
14. Дојди со проблем само ако сакаш да ти помогнеме да го решиш. Ако сакаш симпатија и сожалување, за тоа служат другарките.
15. Немој да се преправаш. Повеќе би сакале да бидеме неефикасни, отколку измамени.
16. Не е ниту во твој, ниту во наш интерес, заеднички да решаваме некој квиз.
17. Не е важно кој квиз.
18. Се што сме рекле пред шест месеци нема легитимитет во караница. Сите коментари престануваат да важат после седум дена.
19. Ако не сакаш да се облекуваш како девојките од Викторија Сикрет, немој од нас да очекуваш да се однесуваме како момците од филмовите.
20. Можеш или да побараш од нас да направиме нешто или да ни кажеш како треба да биде направено. Не двете.
21. Кога е можно, кажи што имаш да кажеш за време на рекламите.
22. На Кристофер Колумбо не му требаа инструкции, не ни требаат ниту нам.
23. Нашата врска никогаш нема да биде како во првите два месеца.
24. Мажите гледаат ограничен број на бои. Праска е овошје, не е боја.
25. Истото важи и за диња.
26. Ако прашаме што е проблемот и речeш „ништо“, ќе се однесуваме како да нема проблем.