Ех, кога жените би знаеле
- Детали
- четврток, 07 октомври 2010
За полесно да се разбирате кога сте во врска или брак треба да постои компромис и разбирање. Никој никогаш не е ниту во право ниту пак греши.
Ова се неколку работи кои мажите им ги порачуваат на жените и би им било многу полесно ако почнат да ги применуваат.
1. Понекогаш не зборуваме. Не го сфаќај тоа лично.
2. Не веруваме кога ќе кажеш дека парите не ти се важни.
3. Ако нешто чеша, ќе биде почешано.
4. Ако носиш вондербра со отворено деколте, немаш право да се жалиш што ти зјапаат во гради.
5. Ако нешто што сме рекле може да се сфати на два начина, од кој едниот те прави тажна или лута, тогаш мислевме на тој другиот.
6. Не дека не сакаме да те направиме среќна, само што, понекогаш не знаеме како.
7. Имаме потреба да вегетираме.
8. Ние не одиме на шопинг. Кога ни треба нешто, ние го купуваме.
9. Забележуваме други жени, заради тоа што сме мажи и што сме живи. Ова не значи дека ќе те оставам и одма дека ќе скокнам на нејзе.
10. Земи воздух некогаш, за да може и ние да кажеме некој збор.
11. Нашата омилена маица не е срамна. Таа ја покажува нашата лојалност кон омилениот спортски тим, омиленото пиво, омилениот одмор или бројот 23.
12. Беспомошно не е еднакво на слатко.
13. Премини на главното.
14. Сфати дека мажите можат да прават само една работа во еден момент. Затоа немој да му зборуваш на маж додека прави нешто. Или ќе те игнорира (бидејќи искрено не те слуша), или ќе го зафркне тоа што го прави бидејќи си му го одзела вниманието. Исклучок на ова правило. Прекини го мажот ако нешто гори, ако некому му треба итна медицинска помош или ако има итен случај за кој е потребен херој.
15. Не може да се жалиш дека нема останато добри момци, додека се уште некои од нас се слободни.
16. Ако прашаш "Дали мислиш дека е поубава од мене?" може да одговориме и со "Да." Што планираш да сториш тогаш?
17. Не очекувај дека дури и одлична врска ќе ти ги реши сите проблеми. Само заради тоа што некој те сака, не значи дека твојот целулит, твојот долг на картичките или твоето лошо расположение ќе исчезнат. Тие се ТВОИ!
18. Ние не би носеле штикли за да ве импресионираме.
19. Ако сакаш нешто да забележиме, помогни ни, дај ни хинт, нешто како "Денес бев на козметичар."
20. Скриј ги книгите за само помош, не прават нервозни.
21. Веруваме дека нашите физиолошки потреби се целосно нормални и понекогаш и стварно забавни.
22. Научи да управуваш со даската на вц шолјата. Ако е дигната, спушти ја.
23. Ако поставиш прашање на кое искрено не сакаш одговор, очекувај одговор кој не сакаш да го чуеш.
24. Некогаш, не мислиме на тебе. Научи да живееш со тоа.