Преслаба девојка која е убедена дека е дебела и убавица која тврди дека е грда, ДА – дебели и непривлечни сте!

Колку вакви луѓе имате во сопственото опкружување? Слабички, згодни, убави девојки кои по 10 пати во денот, како расипана лента, ја вртат истата приказна – Леле, колку сум дебела! Лицево колку ми е гнасно. Бутовите ми се дебели, колковите широки. Грда сум!

Preslaba-devojka-koja-tvrdi-deka-e-debela-01.jpg

По одредено време веќе ти е мачно да ги слушаш истите илузорни заблуди и конечно, еве лек за таквите: Да, дебела си! Да, грда си.

Со строг, студен израз на лицето и сериозен тон. Не покажуваш сомнеж и не дозволуваш да те издаде насмевката. Ти упорно го тврдиш тоа за себеси, а веројатно самата се познаваш најдобро. Која сум јас да ти противречам?

На почетокот се збунуваат и те гледаат со израз на неверување. Да? Мислиш така?

Па ти штотуку потврди, по петти пат денеска, дека си дебела. Ти, девојче од 53 килограми, или 65, сеедно, за себе викаш дека си дебела. Убедена си во тоа, и решавам да сум солидарна и да ти се приклучам во бојкотот и (себе) мразењето.

Ама и тоа не ти чини. Бидејќи, всушност, не сакаат да го слушнат истото што го повторуваат како папагали. Сакаат да го слушнат токму обратното. Некој вид на утеха + комплименти и ласкање.

Ма неее, што ти е, не си дебела, супер си. Леле, колку си слабичка и згодна, таа била дебела, имаш ли огледало дома? Не тропај глупости, не била убава, не сум видела поубава девојка од тебе.

И тука ти негодуваат, следува мало противречење – ама неее, леле, ме засрами сега, (оф, колку ли незгодно ти падна). И дали вака ви се полни душичката, егото? Ова ли е тој начин на ловење и изнудување комплименти?

Да кажам дека сум непривлечна и дебела, за некој да ми потврди дека сум убава и згодна?

Особено жално е кога ваквиот вид на однесување го присвојуваат девојки, практично жени кои се движат кон и над 30-тите години.

Досега веќе треба да сте оформени, зрели, стабилни луѓе со изградено мислење и став. Не сме повеќе во средно, не си збунета лабилна тинејџерка која не знае каде тера или како да се вклопи.

Време е да пораснете, ова не е начин на кој може да добиете потврда од околината. Впрочем, навистина не ви е ниту потребна. Доволно е вие да знаете колку вредите и да сте задоволни самите со себеси.

Наместо да пронаоѓате непостоечки маани и да истакнувате смешни ситници, имам премногу пори, крива ми е „седмицата“ во устата, третава бемка ужасно ме нервира, ми излегува салце од прслукот… доколку имате вистински, сериозен проблем, преземете нешто во врска со тоа, бидејќи од жалење нема фајде.

Особено сте злобни и пакосни кога упорно ги повторувате овие работи пред некои полнички или не толку приблечни девојчиња. Бидејќи длабоко во себе сте свесни дека изгледате одлично и прекрасно, но како да имате некоја желба другите да се чувствуваат уште полошо со самите себе, додека вие изнудувате сожалување и комплименти на својата сметка.

Па не чудете се доколку следниот пат некој се согласи со вашата смешна и лажна констатација. Секоја повторена лага по третиот пат станува вистина, нели?

И наместо на физичкиот изглед, обрнете си малку повеќе внимание на умот, сопствениот ментален склоп и психологијата поврзана со вашите внатрешни проблеми.

Ако вие не се сакате, како очекувате да ве сака некој друг?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg