Белата лага на еден скромен македонски пар го извади најзлобното од нивните пријатели

 Каква чиста злоба им се крие во срцето за да им ја расипат убавата вечер на овие скромни луѓе? Не идат тие секој ден во кафеана. Плус, роденден славеле. Повод имало.

eden-skromen-postar-makedonski-par-napravi-greshka-no-drugive-da-gi-raspnat-ne-trebashe-01.jpg

Постар брачен пар деновиве ми се исповеда: „Леле, како се посрамотивме и тоа на 60 години, леле што дочекавме, како можевме да го направиме тоа...“ Јас им велам: „Полека, полека кажете ми смирено што сторивте, кого навредивте“ и тие почнаа да ми се исповедаат за својата мака.

„Сакавме да прославиме заедно роденден на едниот од нас и имаме едни пријатели кои постојано ни се канат сами во такви пригоди, а имавме желба да биде поинтимно со чаша вино во кафеана, мезе и музика за душа. Со време посветено на нас, што би се рекло.

И за да го остваривме планот не знаеме кој ѓавол нè тераше ама ги излажавме. Им кажавме дека ќе одиме на гости кај едни пријатели, а всушност планиравме во кафеана, но сакавме да бидеме сами, а и да не се навредат ако им кажеме да не доаѓаат.

И како по филмско сценарио ние со цвеќето во близина на кафеаната, насмеани од уво до уво кога ете ги нив. Се стаписавме кога ги видовме, ама продолживме со приказната дека наводно ќе одиме кај пријателите. Нели веќе се фативме за орото.

Потоа, ѕвонеа на телефон. Не им кренавме. Кога за помалку од еден час откако седнавме на вечера ете ги нив. Дојдоа и седнаа на масата до нашата. Е тогаш ни дојде момент „Зини земјо голтни нè“. Ни велат: „Нели ќе одевте кај пријателите... Од каде тука? Ние веднаш сфативме дека лажете и се вративме назад, дојдовме да ве фатиме на дело.“

Ние пребледевме од срам. Ги поканивме на нашата маса. Ги почестивме пијачки и им се извинивме за лагата. Им кажавме дека само сме сакале вечер за нас.

Цела вечер ни префрлаа. Ни велеа колку биле паметни, како нè фатиле на дело. Нè исмејуваа додека ние виновниците тоневме. Ниту роденден видовме, ниту се напивме, ниту се најадовме, ниту си посветивме време еден на друг. На крајот скарани појдовме дома. Како можеше вака да се посрамотиме? Никогаш не лажеме и сега, на 60 години, ова го направивме. Ужас“, ја завршија својата исповед.

И јас им дадов милион и едно оправдување зошто маката на душата да им биде помала, но тие не ми веруваат. Еве ги сè уште се обвинуваат.

Им кажав дека сториле грев што лажеле. Срамота е. Требало само да им кажат дека ќе одат во кафеана, но сакаат да бидат сами, не сакаат и тие да дојдат со нив. Навистина немаат обврска дури ниту да им се објаснуваат зошто и како.

Овие пак, невини душички, дури и лажеле во име на пријателството. Не е оправдување. Згрешиле и навистина била срамна ситуацијата. Но, нивните намери и некако ќе ги разберам.

Туку овие другите... Тие не ги разбирам. Каква чиста злоба им се крие во срцето за да им ја расипат убавата вечер на овие скромни луѓе? Не идат тие секој ден во кафеана. Плус, роденден славеле. Повод имало.

Во ред. Ги фатиле на дело. Нека почекаат следниот ден. Нека ги прекорат, па и нека ги посрамотат со нагласок на тоа дека пријателите не треба да се лажат, дека вистината е подобра од секоја лага.

Но, да одат до дома, па да се вратат назад, па да влезат така дрско во кафеаната, па да ја посветат цела своја вечер за да ја расипат вечерта на некој друг - не разбирам. Колку треба да им се црни душите за ваков потег? Само да напакостат. И кој знае колку им се полнело срцето додека луѓево се препотувале и пребледувале пред нив од срам.

Што почувствуваа моќ, задоволство, сатисфакција? Или само малку храна за своите напатени душички. Од туѓата несреќа сакаат малку да се нахранат за да заборават на своите трагедии. Не сфаќаат дека поради ова трагедиите што ги живеат нема да им бидат помали, ќе им бидат исти. Не сфаќаат дека лошото со добро не раѓа. Не сфаќаат дека ако повредиш некого, нема да се издигнеш себеси на пиедестал.

Првите погрешиле наивно и не смее да им се повтори, ама овие вториве... Е од таквите ми е страв во животот!

Прочитајте и Бабичка паѓа во скопски автобус: „Глупава една, неспособна, имаш ли очи?“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg