Колку жената треба да се смали за да ја собере во раката на еден Балканец?

Живееме во општество кое смета дека жената не може да биде успешна без маж покрај себе. Во ваквите мислења, за жал, водат жените и тоа се всушност оние жени кои никогаш немале храброст и сила да бидат свои и да ги стават сопствените желби на прво место.

Kolku-zenata-treba-da-se-smali-01.jpg

Тие први ќе го осудат успехот на другата жена и ќе го препишат некому, неважно кому, но ќе го препишат успехот на маж кој „веројатно“ стои зад неа.

Зборувам за оние другите, за жените кои имале храброст да бидат она што се. Гледам колку се паметни, образовани, убави, негувани, згодни, модно информирани, подготвени. И ги гледам денешните мажи: сè посмотани, килави, неспособни, навикнати на готвењето на мама, неподготвени за брак и семејство, дури и во доцните триесетти.

Од жената очекуваат таа да биде и жена и маж, мајка и сопруга, љубовница и пријателка, молер, тапетар, возач, готвачка и ментор.

Како стигнавме до оваа ситуација? Кој е виновен за тоа што жените станаа мажи, а мажите тетки во менопауза? Првите можат сè и сè работат, а другите сè повеќе не можат и не сакаат. Притоа, се жалат и едните и другите, на никој не му е убаво.

Додека нас жените нè учеа дека МОРАМЕ да го правите тоа и тоа, нив ги учеле дека нивната жена мора да го прави вака и вака. Е сега, кога ние успеавме да си обезбедиме каква-таква финансиска независност, сфативме дека сè можеме да направиме самите.

Резултатот на оваа „еманципација“ се фрустрирани жени кои всушност силно ја посакуваат онаа старата, добра, традиционална љубов, поддршка и разбирање и фрустрираните мажи кои го сакаат истото тоа и да се чувствуваат некому потребни.

Но, како да се чувствуваат неопходни, кога мајките ги воспитале на тој начин што треба да пронајдат две спротивности во една жена: а) жена која е „неспособна“ и не знае сама да појде ниту до продавница, б) жена која знае сè и ќе направи сè што треба наместо него.

Во првата варијанта, доколку пронајдат жена која е „неспособна“, мажите се жалат дека им е доста од притисокот и дека не можат повеќе да го носат целиот товар на својот грб, а во другата варијанта не можат да го поднесат фактот што жената е посупериорна од нив. Како и да го свртиш, никако не чини.

А средина изгледа нема, или пак е присутна во толку мал процент, што е незабележителен.

Во доцните 20-ти години од животот, оваа нерамномерност во зрелоста е највидлива. Жената е веќе зрела личност, подготвена за мајчинство, за создавање семејство, трча на две, три работи, што би рекле бабите „не е седната од сабајле“. Завршила факултет, па магистерски студии, па можеби и докторат, ги положила сите можни стручни испити, одамна се во врска, но сепак, таа ГО ЧЕКА НЕГО ДА СЕ ОДЛУЧИ кога најпосле ќе ја земе за жена.

А тој е роден незрел, незрел ќе биде до доцните 50-ти години и таков ќе си влезе во климактериум. Таа ќе му биде мајка, тетка, сестра, другарка, мајка на неговите деца. Тој на децата ќе им биде другар. И веројатно никогаш нема да биде присутен.

Мажите, условно кажано, ги делам во две групи, а ниту една од нив не знае како да се справи со силните жени: првата им припаѓа на мамините синови, оние кои веднаш би пуштиле солза доколку ги погледнеш попреку, но сепак во жената ја бараат мајка си, а другата група се оние кои навикнале да бидат „алфа мажи“. Таквите покрај себе секогаш имаат некоја убавица која изгледа прекрасно, не зборува многу, не се буни додека тој живее во правилото „оженет сум, живеам како ерген“, нема сопствени амбиции и на социјалните мрежи се фали исклучиво со неговите достигнувања од типот „докториравме“, „добивме унапредување“ и слично.

А што доколку жената случајно успее? Што доколку полета, се вивне нагоре, ги рашири крилјата, ги изговори на глас мислите и доколку започне да ги користи своето знаење, искуството и силата која спие во неа, убиена од секојдневните тегоби и она чувство на вина дека доколку случајно успее, мажот ќе се чувствува несигурно?

Дали дојде време да избришеме половина од сè она што сме, што го знаеме, што можеме и смееме, за да бидеме „нормални“ жени и да се вклопиме во ова општество?

Колку пати досега ви се случило на мажите да им биде непријатно бидејќи имате повеќе знаење од нив на некоја тема? Колку пати во ова општество сте се почувствувале како Алиса во Земјата на чудата, затоа што сте културни, воспитани, образовани?

Мене безброј пати ми се има случено да слушнам: „Не чини кога жената е премногу паметна“ или „Ти си премногу образована“.

Бидејќи најголемото зло во денешното општество е да бидеш амбициозен. Тогаш грстот неспособни кои по линијата роднинска врска+политика+упорност+безобразие доаѓаат до некоја позиција.

Поради сè што наведов, често пати се прашувам: колку жените на Балканот треба да се смалат, за да ги собере во машката рака?

Не знам навистина, ниту пак би сакала да знам. Решението не е да се смалиш себеси, со цел некој да се чувствува доволно голем покрај тебе. И ниту една круна, принцези мои драги, не е претешка, само нечии раце се преслаби да ја носат.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg