Немој да чекаш...

nemoj-da-cekas-001.jpg

Немој да чекаш...

Возбудливи моменти

Зајдисонце

Ретки прилики во кои ќе се напиеш

Луѓе без кои ти поминува младоста

Нова година

Па, уште една

Утре ден

Следен месец

И следна шанса

Немој да трчаш без цел

Никогаш не вели никогаш

И биди човек – извини се

Не врти нов лист секој ден

Туку на истиот напиши нешто убаво

Ако треба и направи чкртаници

Па, од чкртаниците направи уметност

Или барем обиди се

Насмеј се сам на себе

Постоиш само ти

И она што си го создал за себе

На другите никогаш нема да им биде доволно

Направи барем тебе да ти биде

И не чекај

Ниту свадба за да играш

Ниту музика за да танцуваш

Создади музика во твојата глава

И играј без прекин

Сè престанува

И кога ќе престане – нема назад

Ниту каење

Ниту прекор

Ниту извини

Ниту те сакам

Ниту погрешив

Ниту како би било да го направев тоа

Нема ни бои

Ни грешки

Ни поправки

Ниту живот

Ниту болка

Иако ти би да живееш без неа

А, само со неа стануваш посилен

Наместо да се жалиш

Прифати ја борбата

Прифати го патењето

Прифати го предизвикот

Не чекај утрото да промени сè

Ниту да биде попаметно од ноќта

Не верувај во „така треба“

Создади добро

Зграби ги мирисите

Вкусовите

Бакнежите

Фантазиите

И немој да мислиш дека можело да биде поинаку

Да можело – ќе било

И повторно ќе беше незадоволен

И ќе чекаше

Чекаше

И чекаше

Земи воздух и тргни

Подалеку од себе нема да можеш

Поблизок од себе нема да најдеш

Посакан од самиот себе нема да измислиш.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg