Ја прашав другарка ми како прв ден во градинка на детето - поразочарана не сум ја видела

Ѝ велам на пријателката како прв ден во градинка? 

ja-prashav-drugarka-mi-kako-prv-den-vo-gradinka-na-deteto-porazocharana-ne-sum-ja-videla-01.jpg

Таа ми ја раскажа секоја мака што ѝ го мачи срцето и ѝ ја пара душата.

„Не сум единствената мајка на свет која му посакува најдобро на своето дете. Звучи како клише.

Знам сите сакаме умни, добро воспитани, убави, културни, бистри деца, деца кои се напредни уште од првиот ден, деца со таленти, деца доени исклучиво на мајчино млеко и хранети исклучиво со органска храна...Ми се чини дека желбата останува само во нашите срца и уште повеќе во нашите мисли.

Се оптоваруваме деноноќно да го обезбедиме најдоброто, но некако не успеваме. Кога даваш сè од себе се соочуваш со некои пропусти на системот, а нели посилни од општествените норми тешко дека ќе бидеме.

Само во Македонија се чини дека кога ќе го однесеш детето во јасли или градинка учителките ги смируваат родителите дека нормално е да плачат. Да, се согласувам нормална е реакцијата да плачат, но верувајте не е нормално, учителката/воспитувачката да врши административни работи, да средува некои други работи додека е задолжена и платена да се грижи за децата.

Прв ден, хаос, гужва, адаптација... Родителите со измешани емоции тупкаат пред градинката и чекаат размислувајќи: „Ова што во моментот вреска е моето, не моето така не плаче...“

Учителката која со ниту еден родител не се запозна, не праша на колкава возраст е детето, кога виде како ѕиркаме ни се обрати со зборовите „Мајка не е вкусно ова што го правите“. Ок, а ние останатите што редиме роба и куцаме на каса во маркет што сме под камери, ние во редакциите под камери, впрочем сите во денешно време во фирмите се под објективот на службената камера.

И така воспитувачката на секој родител поединечно му кажа оваа недела треба да ги оставаат децата по половина час за адаптација, наместо наеднаш да нè собере и да соопшти некои од поглавните правила.

Внатре кај едногодишни дечиња ниту музика, ниту играчка, ниту некакви висулки во кои децата секогаш гледаат и се радуваат, креветчиња без меки огради, си ги лупаат главчињата од дрвото.

Не јас не сум посесивна мајка, тоа ни најмалку не ме плаши. Ниту модринка, ниту малку изгребано, ниту каша запечена на образите, ниту боди нецелосно закопчано, ме плаши емоционалниот стрес кој ќе го мине детето зошто нели нормално било да плаче без притоа некој да направи нешто за подобро и полесно да се адаптира. Шок, нова средина, нови лица кои не им зборуваат и така половина час. А бев подготвена да бидам љубезна со учителката, во најдобрата можна верзија од себеси...

Сега сум на став дека само во Макеоднија нормално е да плачат сами во креветчиња, да јадат со сила, да бидат казнети ако не се умни, да седат цел ден во затворена просторија, да немаат право мајките да прашаат нешто повеќе за развојот на своето дете, да немаат право на средба со педагог или психолог, да бидат зависни како демек некој им го чува детето бесплатно на добра волја.

Само во Македонија, на децата во основно секоја година, па некогаш и по неколку пати во годината, им ги менуваат учителките, класните и програмите, само во Македонија од прва на настинато дете му даваат антибиотик, само во Македонија родителите околу доењето и здравата исхрана се информираат преку интернет форуми и групи на социјалните мрежи, само во Македонија ако се интересираш нешто повеќе околу твоето дете во инстуционални рамки те гледаат попреку, како демек им се мешаш во работата во која и онака се полустручни.

Чест на исклучоците кои ми доаѓа да ги гушкам и секаде ги фалам, а тоа треба да е нормално.

Зошто ни се тогаш институции?“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во Македонија луксуз ни стана да отидеме во театар, на фризер и на ручек во кафеана Дојдовме во ситуација кога се молиме да не ни се најават гости, затоа што еден у...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
И во Македонија има мажи домаќини, такви кои домот го претвораат во храм И во Македонија има мажи за медал. Онакви посветени на домот и семејството. Орга...
„Носите болни деца во градинка, затоа се разболуваат и нашите“ – Ми се гади од коментарите на родите... Немаме сите цело село зад нас што може да ни помага и ментално и финансиски и фи...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg