Добри дела кои без проблем може да ги правите секој ден

Не е тајна дека она што го давате тоа и го добивате. Добри работи им се случуваат на добрите луѓе, едноставно тоа е начинот на кој функционира Универзумот.

5-dobri-dela-koi-mozhe-da-gi-pravite-sekoj-den-01.jpg

Кога би имале прилика да бидеме добри наместо да сме зли и безмилосни, зошто да не го користиме секој момент за да ги опсипуваме луѓето со добрина?

Малите добри дела кои би ги направиле за луѓето што ги сакате не значи дека мора да бидат нешто спектакуларно и комплицирано, едноставно нека бидат скромни и од срце. Дури и едноставна мала промена во однесувањето кон некого е добро дело.

Слушајте и можеби ќе научите. Дајте и ќе ви биде дадено.

Бидете отворени за нови нешта

Научете да не осудувате и бидете отворени. Заборавете го она што сте мислеле дека го знаете. Направете простор за нови знаења кои би можеле да ги добиете од нови личности и пред вас ќе започне да се отвора поубав свет.

Не може секогаш да бидете вие во право, туку треба да оставите простор и на некој друг за тоа.

5-dobri-dela-koi-mozhe-da-gi-pravite-sekoj-den-02.jpg

Слушајте

Дајте им на луѓето можност да зборуваат. Доколку сакате со некого да го споделите вашето знаење, би било добро и вие на некого да му дадете можност да го направи истото. Развеселете ги и изненадете ги другите со својата способност да молчите и да слушате без предрасуди.

Вашето добро дело може да значи едноставно да сослушате што некој има да каже, но притоа навистина да го правите тоа и да не го вртите разговорот кон себе. Немојте себе да се ставате во центарот на вниманието.

Бидете искрени

Да бидете добри, значи да бидете искрени. Не е во ред на луѓето да им давате куси одговори како на пример „добро“, „во ред“ или „ок“. Кога некој нешто ќе ве праша, бидете отворени, образложете го вашето мислење и поразговарајте.

Ако некој се осмелил нешто да ве праша, да ви побара совет или слично, вие направете му услуга и пружете му најискрен одговор. Не мора сосема да ја отворате вашата душа, но сепак потрудете се околу одговорите и дајте важност на разговорот, тоа е најмалку што може да направите ако сте во потрага по добри дела.

5-dobri-dela-koi-mozhe-da-gi-pravite-sekoj-den-03.jpg

Не бидете себични

Бидете несебични. Кога сме нервозни и уморни, иако несвесно, многу често се случува да покажеме себичност во своите постапки. Во тие моменти потребно е да се запрашаме како тие влијаат на другите.

Да повториме уште еднаш, не мора да направите ништо особено, едноставно обидете се да се ставите на нивно место и немојте да правите работи кои ни самите не сакате да ви ги направат на вас.

Пофалете ги квалитетите на другите

Тргнете го вниманието од себе и обидете се со добри коментари да ги истакнете прекрасните квалитети на личноста со која во моментот сте во друштво. Не е воопшто тешко, кога сте горди сами на себе поради нешто, ќе започнете да ги забележувате сличните квалитети и кај другите.

Наместо да се фалите, давајте комплименти за убавите работи што ги гледате кај другата личност. Тоа ќе ви донесе некој вид на мир и поврзаност за кој не сте ни знаеле дека ви се потребни.

Со еден збор, тоа што го давате тоа и го добивате, како што заклучивме погоре.

Затоа наоколу ширете добрина, секако ако е тоа она што сакате да го добиете.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg