Потресната вистинска приказна за „Убавицата и ѕверот“: Кој бил ѕверот?

Една од омилените бајки во светот, „Убавицата и ѕверот“, зад себе има приказна која и не е толку бајковита.

potresnata-vistinska-prikazna-za-ubavicata-i-dzverot-01.jpg

Приказната дека убава девојка се вљубува во „ѕвер“ не е целосно плод на фантазијата на оригиналната авторка, французинката Габриел Сузан Барбо де Вилнев. Оваа бајка првпат е објавена во 1740 година, а потоа има претрпено неколку преработки и адаптации.

Всушност, се работи за вистински настан кој се прераскажувал, сè додека не го добил првиот бајковит запис. Потоа е прилагодена за деца, а денеска има повеќе верзии на приказната, долгометражен филм и цртан филм на Дизни. Се изведува и во многу театри, како театарска претстава.

Но, како почнало сè?

Се работи за човек по име Петрус Гонсалвус од Канарските острови, роден 1537 година. Тој боледувал од синдромот на врколак, односно од влакнавост по целото тело.

Кога имал само 10 години, бил заклучен во кафез и испратен како подарок за кралот Хенри Втори. Поминало некое време додека послугата на кралот да сфати дека се работи всушност за момче. Оттогаш, кралот му посветил повеќе внимание и решил да го школува. Се покажало дека Петрус умее брзо да совладува странски јазици, но и да стекне манири типични за високите слоеви од општеството.

Без разлика на својот изглед, тој станал почитуван член на кралскиот двор.

potresnata-vistinska-prikazna-za-ubavicata-i-dzverot-02.jpg

Но, по смртта на кралот Хенри, на престолот дошла кралицата Катарина ди Медичи. Таа решила дека Петрус треба да се ожени, затоа што мислела дека ќе биде навистина забавно да се родат деца со истиот синдром.

Така и се случило. Тој бил оженет со девојка која исто така се викала Катарина и важела за убавица во кралството. Имале седум деца, од кои четири го имале истиот синдром како нивниот татко. Но, без заштитата на кралот Хенри, ова семејство заработувало како атракција и често парадирало низ европските кралски палати.

Според историчарите, ова семејство не било заробено, но не било ни слободно. Тие биле плаќани за да ја забавуваат европската аристократија. Истото се случило и со децата. Иако генерално немале лош живот, не успеале да живеат достоинствено.

Тој и сопругата, заедно со децата се повлекле во Италија, во обид да живеат што е можно помирен живот, подалеку од кралските дворови.

potresnata-vistinska-prikazna-za-ubavicata-i-dzverot-03.jpg

Кога Петрус починал, тој не ни добил опело и благослов од свештеник. Записите за неговите деца се многу ретки.

Иако постојат многу теории за тоа од каде доаѓа оваа приказна, сите траги водат токму кон Петрус и неговата убава лејди Катарина. Секако, за потребите на бајката која ни е позната на сите, многу делови од реалноста биле исклучени.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg