Поучна приказна зошто треба да ги цениме старите повеќе
Еден амбициозен студент седнал на клупа до еден постар човек и почнале да муабетат на разни теми, кога дошле во конфликт.
Студентот на стариот човек, кој само сакал да се релаксира во паркот, му кажал зошто е невозможно постарата генерација да ја разбере неговата, односно помладата генерација.
Студентот му кажал на старецот:
„Вие сте растеле во поинаков свет, речиси примитивен... Денес младите растат со телевизија, авиони, патувања во вселената, човекот се шета по месечината, има нуклеарна енергија, подморници, мобилни телефони, напредни компјутери и многу други работи.“
По кратка пауза старецот му одговорил:
„Сине, во право си. Сите овие работи ги немавме кога бевме млади... Па, ги измисливме. А сега те прашувам: Што правиш ти за наредната генерација?“