Работи по кои Балканот се разликува од остатокот од светот

Нема место во светот како Балканот. Оваа група на народи се посебни во секој поглед. Од сезнајковци до бабини деветини, ова се неколку работи по кои Балканците се разликуваат од остатокот од светот.

Работи-по-кои-Балканот-се-разликува-од-остатокот-од-светот1.jpg

Ручек

Додека семејниот секојдневен ручек поминува со едвај наместена трпеза, и однапред зготвена па стоплена манџа, ручекот на кој треба да присуствува барем еден член надвор од семејството, мора да има полна трпеза.

Знаете како викаат, доколку се гледа чаршафот, сиромашна е трпезата. Секако, бидејќи 3-те предјадења, 2-те главни јадења, и 5-те десерти се премногу за шестмина, пола од храната ќе остане и најверојатно ќе се фрли.

На Запад, луѓето готват колку што им е потребно, и никој не се замара со тоа што ќе речат комшиите.

Запршка

Ручек не е ручек без запршка – а како инаку ќе знае цело маало дека сте зготвиле нешто? Традиционалниот Балканец става запршка во сѐ што треба и не треба, а кога ќе намириса дека некој од соседите користи запршка додека готви, тој е првиот кој ќе се побуни.

На Запад, најверојатно доколку некој готви со запршка, ќе го пријават за загадување на воздухот, и нарушување на јавниот ред и мир.

Кафе

Македонија, а и Балканот пошироко, се можеби единствените места во светот каде што никој не работи, а сите се на кафе. Оние кои немаат богати родители, одат на кафе кај пријатели, во домашна атмосфера, наместо во локалните кафулиња. Доколку не сте испиле барем 3 кафиња во денот, не ја бива работата.

На Запад, луѓето бараат алтернатива за кафето, поради тоа што и не е баш најздравиот продукт на пазарот.

Гледање на кафе

Ова е еден од најинтересните феномени, бидејќи прогнозата е понепрецизна и од онаа на Милан Тарот. Традиционалното гледање на кафе се одвива во филџан од испиено турско кафе. Талогот и флеките по ѕидот од филџанот ќе ни ја раскажат сегашноста, иднината и минатото.

На Запад, наместо гледање на кафе, луѓето фино поштено одат на психијатар.

Одење на лекар

Додека на Запад е најнормално редовно да се оди на лекар, да се вршат редовни прегледи и контроли, со цел да се спречи било каква здравствена непријатност, на Балканот сите познаваме барем по 3-4 стручњаци кои веднаш знаат што нѝ е при првите симптоми.

„Седи тука, сега ќе ти кажам“ е една од најупотребуваните реченици од страна на овие стручњаци. Тие имаат одговор за сите медицински прашања, иако нивното најголемо медицинско достигнување било двојка по Биологија во основно.

Употреба на лекови

„Сите ние добро знаеме каква мафија е тоа фармацевтската индустрија“ - е една од главните фрази на секој Балканец. Наместо да се употребуваат апчиња и лекови, ние Балканците повеќе ја претпочитуваме алтернативната медицина - ракијата.

Сите знаат дека ракија е лекот за сѐ. Од скршено срце до пресечена рака, ракијата е најздравиот лек на светот. За настинки и полесни случаи, тука е фразата „Две пива и како нов си“. Доколку не ми верувате, прашајте го локалниот специјалист пред супермаркетот кој седи на гајба пиво.

Четирите трепкачи

Додека насекаде во светот, црвеното копче со бел триаголник во автомобилот служи за неизбежни и итни случаи, кај нас ова копче претставува шифра за семоќност.

Можеби не знаете, меѓутоа маалскиот Коперациски законик вели дека доколку ги вклучите четирите трепкачи, можете да го прекршите било кое сообраќајно правило под оправданието дека е итен случај. Исто така можете да паркирате на сред улица, и да седнете на кафе.

Промаја

Доколку мислевте дека овој текст ќе помине без промајата, грешка сте. Според најновата статистика на Советот на маалски баби, дури 74% од смртните случаи во светот се поради промајата.

На второ место со 18% се наоѓа седењето на бетон, а на трето место со 4% се најде излегувањето со мокра коса.

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg