Жали го, гали го и на 40 ќе ти бара 100-ка за кафе

Во денешно време многу родители сакаат да направат неспособни индивидуии од своите деца. Секако тоа го прават несвесно и ненамерно, во текот на нивниот раст и развој, кога од сосема различни причини, како некоја преголема љубов упатена во погрешна насока, ќе создадат контраефект, кој нема да донесе бенефит ниту за самото дете, ниту за родителите на тоа преразгалено дете.

zali-go-i-na-40-ke-ti-bara-100-za-kafe-01.jpg

Како се однесуваа во животот родителите кои денес имаат преразгалени деца?

Уште од најмала возраст седнуваа тие да ја пишуваат домашната задача на детето, за да не се мачи тоа самото, тие ги читаа лектирите кои им беа предвидени од училиште на децата и потоа им ги прераскажуваа, а за да не се намачи малечкото, детско раче, тие земаа и ги пишуваа содржините во тетратките.

Понатаму им го местеа креветот, ја поставуваа масата и сите потребни намирници, дури и за едно просто јадење и кревање на истата. Им бараа материјали за нивните проекти по интернет, доцна во ноќта додека им се затвораа очите цртаа цртежи, пишуваа есеи, и завршуваа сè што треба да направи детето.

Тие правеа сè од проста причина што не сакаа нивното дете никако да се намачи, да почувствува што значи одговорност, обврска. Сè, само за нивниот мал ангел да израсне во стаклено звоно. Сè што ќе го направи детето една тешка флегма која нема да знае да си ги здипли алиштата, да испржи две јајца на око и евентуално да направи просто пазарење од продавница.

Дете кое нема да сака да ги измие чиниите кога ќе живее со цимери и ќе чека да слета добрата вила за да може да оди испеглан и среден на факултет кога ќе дојде време за тоа. Дете кое ќе прерасне во неспособен возрасен човек.

Додека нивните врсници стануваа да помагаат при домашните обврски, имаа некоја летна работа или некој сопствен начин на заработка преку интернет, галеничињата на мама и тато бараа пари за кафе без трошка срам. Вечерни излегувања со високи сметки и секој месец нова гардероба, без да им трепне окце. Затоа што многу е лесно да трошиш пари кои не си ги заработил или не си се потрудил да ги заработиш.

Родителите никогаш не знаеја да им кажат не. Тоа беше забрането во нивниот речник, а самите деца знаејќи дека не можат да бидат одбиени, користеа до максимум.  

Кога ќе пораснеа, не ги пуштаа на факултет за да не се мачат да учат или ќе ги запишеа некаде, каде што ќе им ги истуркаа испитите со врски. Потоа така неспособни не ги оставаа да работат за 200 евра, бидејќи кој би сакал да си го мачи своето неквалификувано дете за 200 евра?

Како што изминуваа годините, најчесто таквите деца немаа амбиција да бидат ништо во животот, бидејќи која будала би се нафатила да прави нешто кога добива сè без да мрдне со прст.

Оптегнати по цел ден, од кафе на кафе, со маалски муабети и прости мисли во главата, се уште раскажуваат како успеале да соберат пари од паричникот на нивните за цел ден да го потрошат од едно кафуле во друго, озборувајќи или едноставно губејќи си го времето.

Си викам што ли се му доаѓа во главата, дали некогаш ќе им текне дека по природниот тек на работите нивните родители нема да бидат тука. Дека тој извор на благодати нема да трае засекогаш, дека ќе треба сами да поработат за да одгледаат фамилија?

Како ли тоа не им паѓа на памет, што ли им се врти во главата и дали воопшто некогаш размислуваат да го искоренат тоа паразитското во нив или тоа е невозможно?

Од она што можев да го видам околу, такви остануваа за навек, мрзливи и неспособни. Дури и да успееја да создадат фамилија, се оставаа на партнерот, а тие се покоруваа, несакајќи да сработат било што за да донесат нешто во фамилијата. Имаше и полоши, оние кои немаше да создадат фамилија и на 40 години се уште ќе беа обесени на градите на мајката и рамото на таткото, барајќи по една стотка за кафе и цигари. Кој би сакал таков „створ“ дома?

Тие не беа научени да работат, за да не си ги извалкаат рацете, за да не си ги скршат ноктите или не дај Боже да си ја исчашат половината. Толку беа љубени од своите родители што тоа ги водеше до осакатување.

Никој не вели дека детето не треба да биде облеано со љубов, дека треба да му се изгради еден меур во кој ќе расте безгрижно. Но детето исто така треба да ги знае основните принципи на животот, да научи што е мака, што е пот. Да научи како да граба во животот и како да се бори за себеси. Да ги научи задачите и обврските кои ги има секој нормален, возрасен човек, за утре да биде индивидуа која ќе биде пример за светот, за своите потомци и една рамка на своите родители во која ќе се смести сликата наречена гордост.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg