Поучна приказна: Старецот дури на суд сфатил зошто не треба да озборува

Еднаш одамна еден старец ширел гласини за својот млад сосед. Тој тврдел дека е крадец, па така полицијата го уапсила момчето еден ден.

pouchna-prikazna-starecot-duri-na-sud-sfatil-zoshto-ne-treba-da-ozboruva-01.jpg

За кусо време се докажало дека момчето не е виновно.

Кога го пуштиле од притвор, момчето одлучило да го тужи старецот поради лажните обвинувања.

Старецот пред судот изјавил: „Тоа беа само мои коментари. Никому не му наштетија.“

Судијата одучил да му даде една задача:

„На еден лист напиши сè што рече за момчето, а потоа искини го на парчиња и на пат до дома фрли ги парчињата низ прозорецот од автомобилот. Утре дојди во судницата за да ја слушнеш својата пресуда.“

 Старецот го направил тоа.

Наредниот ден пред соопштувањето на пресудата, судијата му кажал на обвинетиот: „Пред да ја слушнеш пресудата, сакам да излезеш надвор и да ги собереш парчињата од хартијата што ја фрли вчера низ прозорецот од својот автомобил.“

Изненадениот старец изјавил: „Не можам да го сторам тоа, ветерот ги дувна и не можам да ги пронајдам.“

Тогаш судијата му објаснил: „На истиот начин, твоите зборови и коментари можат да ги уништат честа и угледот на друга личност до таа мерка што веќе не може да се поправи. Сите треба да научиме да си го контролираме јазикот за да не бидеме робови на нашите зборови. Озборувањата се ужасни затоа што го крадат достоинството, честа, угледот и веродостојноста на личноста што e озборувана, а тоа е невозможно да се врати.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Кога си го возам бебето во количка низ Скопје ми требаат „супер моќи“ Постојано се качувам и симнувам од тротоар поради паркирани автомобили, правам р...
„Водици некогаш во Охрид - Со нетрпение чекавме да се фрли крстот во студеното езеро“ Традиционално за Водици, јас секоја година одев во Охрид каде што живееше мојата...
Кратка емотивна приказна: За љубов не се потребни пари Мажот и жената, иако сиромашни, ја покажале љубовта во најтешките моменти и го п...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg