Поучна приказна: Богатиот човек ја научил лекцијата на смртната постела

Еден богат човек бил на смртна постела. Ангелот на смртта дошол да го посети.

pouchna-prikazna-bogatiot-chovek-ja-nauchi-lekcijata-na-smrtnata-postela-01.jpg

Човекот работел долго и напорно и стекнал огромно богатство. Живеел во луксуз и не му се верувало дека неговото време истекло.

Бидејќи бил многу богат одлучил да си купи уште малку време од ангелот на смртта. Се спогодувал долго, но ангелот не сакал ништо. Очајниот богаташ му дал предлог:

„Дај ми само уште еден час живот за да можам да ѝ се воодушевувам на убавината на оваа земја за последен пат и да минам време со своето семејство, кое долго не сум го видел, и ќе ти го дадам целото мое богатство.“

Но, ангелот повторно го одбил.

Човекот уште еднаш прашал дали може да добие барем една минута само да напише порака за збогум. Неговата желба била исполнета и тој напишал:

„Времето што ви е дадено минете го на вистинскиот начин. Со своето богатство не можев да купам ниту еден час време за да минам со своето семејство. Слушајте го своето срце и уверете се дека работите што ве опкружуваат ја имаат вистинската вредност. Негувајте го секој миг од своето време!“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Бадник и Божиќ во мојот дом во Битола – Баба ми возбудено готви, јас дотеран за во црква Паметам кога бев малечок, уште во зорите на ладното зимско утро ќе ме разбудеа п...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg