Поучна приказна: Зошто не треба да викате кога сте лути?
Еднаш еден стар мудрец ги затекнал своите ученици како жестоко се караат и врескаат едни на други.
Со неговата појава расправијата стивнала, а тој ја искористил шансата за да ги научи една важна животна лекција. Ги запрашал: „Зошто луѓето викаат кога се лути?“
Учениците размислувале одредено време, додека еден од нив не одговорил: „Затоа што го губат трпението, тоа е причината.“
„Но зошто би викал ако личноста е покрај тебе?“, прашал учителот.
Учениците некое време давале одговори, но ниту еден не го задоволил учителот.
Најпосле објаснил:
„Кога две личности се караат, нивните срца многу се оддалечуваат, па затоа мора да викаат еден на друг за нивниот крик да ја премине оддалеченоста и да можат да се чујат. Колку што се луѓето полути, толку погласно викаат затоа што раздалеченоста помеѓу нив е сѐ поголема.“
Потоа учителот прашал:
„Што се случува кога две личности ќе се вљубат?“
„Не викаат еден на друг, туку говорат тивко и нежно. Зошто? Нивните срца се навистина блиску. Оддалеченоста помеѓу нив е многу мала.“
„А што се случува кога уште повеќе ќе се вљубат?“
„Не говорат. Само шепотат и сѐ повеќе се зближуваат во својата љубов... Конечно, не им е потребен повеќе ниту шепот - само се гледаат и тоа е сѐ. Такви се две личности што се сакаат.“
Потоа рекол:
„Затоа кога се карате, немојте да дозволите вашите срца да се оддалечат, не изговарајте зборови кои би можеле уште повеќе да ве оддалечат, затоа што ќе дојде ден кога таа оддалеченост ќе биде многу голема и никогаш веќе нема да можете да го пронајдете патот за назад.“
С. С. | Црнобело