Совети кои постарите би им ги кажале на помладите верзии од себе
Животот е краток, времето лета и живееме само еднаш. Никогаш не можеме да го вратиме часовникот наназад и да си дадеме некој совет на помладата верзија од себеси.
Но ако би ја имале оваа моќ, еве што би си кажале некои постари луѓе од животното искуство што го стекнале во меѓувреме.
По 60 годишна возраст тие на работите гледаат поинаку и советуваат да бидете самоуверени, избалансирани и подготвени за предизвици.
Ова би си го порачале на помладата верзија од себеси:
Не плаши се
Не дозволувај стравот да те сопре во новите можности и никогаш не размислувај дека не можеш нешто да сториш само затоа што немаш некаква позадина и поддршка. Ќе откриеш дека нема граници за твоите можности.
Никогаш не престанувај со учење
Учи во текот на целиот живот.
Постави баланс помеѓу срцето и умот
Во приватниот живот и љубовта, верувај им на инстинктите, следи го срцето, но секогаш носи го умот со себе.
Не можеш да го бираш семејството, но бирај ги пријателите
Опкружи се со позитивни луѓе. Минувај време со пријатели што ти го подобруваат расположението, а не што ти го убиваат духот. Биди со луѓе што ќе се грижат за тебе ако нешто ти се случи.
Штеди пари
Можеби не е романтично како советот да ги следиш соништата, но токму долговите и кредитните картички ќе те сопрат на патот до нив.
Подготви се за бурите во животот, сѐ може да се случи, замисли да бидеш разведен/а по 20 години брак и без скршен денар.
Пронајди независност
Биди независен на секој начин: финансиски, професионално и во следење на поставените цели, без разлика колку го сакаш партнерот или семејството.
Не се плаши од промени, како и од стареењето
Сѐ се менува, а како реагираш на тие промени зависи од тебе. Не се плаши и од староста, светот ќе го гледаш поинаку отколку во младоста, но ако си активен и љубопитен - светот е полн чуда. Кога ќе имаш 60 години внатрешно ќе се чувствуваш идентично како што се чувствуваш сега ако направиш да биде така.
Но, не се менувај себеси
Биди тоа што си и имај доверба во своите избори. Никогаш не се обликувај според желбите на другите. И запомни ако се премислиш за нешто, не ти е потребна дозвола од никој.
Не се опседнувај што мислат другите
Не се работи за тоа што мислат другите и какви очекувања за успех имаат од тебе, се работи за тебе, твојата листа и твоето патување.
Верувај во себе
На стари години ќе се каеш што не си им верувал на сопствените инстинкти. Биди уверен во исправноста на своите одлуки.
С. С. | Црнобело