Приказната за жабите
Ова е една од најчесто раскажуваните приказни меѓу луѓето. Си била една група на жаби кои живееле во мочуриштето покрај една висока кула.
Еден ден тие решиле да се натпреваруваат која ќе се искачи на највисоката кула. Се расчуло за ова во околината па се насобрале доста гледачи - сеирџии...
И натпреварот почнал. Арно ама, никој од присутните не верувал дека некоја жаба ќе успее да се искачи на врвот од кулата. Цело време вртеле со главите и зборувале:
"Леле тоа е многу напорно, никогаш нема да успеат!" или "Ма, нема да успеат кулата е многу висока!"
И навистина, една по една жабите почнале да заостануваат, да се откажуваат освен една, која брзо лазела, се качувала се повисоко и повисоко.
Гледачите повторно почнале да викаат: "Тоа е многу напорно! Не е можно толку високо да се искачи!"
Но, жабата упорно одела напред... и воопшто не покажувала знаци дека ќе се предаде! На крај упорната жаба се искачила на врвот од кулата!
Останатите жаби како и гледачите сакале да дознаат како успеала баш таа да го стори тоа што другите не можеле да го направат.
Еден од гледачите се приближил до жабата за да ја праша како успеала да се искачи на врвот и што ја мотивирало за да успее. Жабата само го гледала.
Кога ја прашал повторно и повторно, а таа само гледала, дури тогаш се дознало дека всушност жабата - победник е ГЛУВА!!!
Запомнете - Бидете "глуви" за секој оној кој ќе ви рече дека не знаете или не можете да ги остварите своите цели и соништа!
Секогаш мислете на силата на зборот, затоа што се она што ќе го слушнете или прочитате влијае на вашите дела.