Бедни лажливци, како се гледате во огледало?!

И неретко можеби и вам ви велат дека го гледате светот со розови очила. „Не е злато сѐ што сјае и не е добар секој што ти се смешка и ти сее најмилни зборови“, велат.

bedni lazlivci kako se gledate vo ogledalo 01

Но, мене убаво ми е така, сѐ до мигот кога токму тие големи мудреци се претвораат во најголеми предавници и бојат сѐ во сиво. Токму тие кои делат медени совети најлошо ќе ве излажат и најмногу ќе ве повредат.

И сега, кога ќе си го вратам филмот наназад, токму затоа изгледа давале такви совети дека светот е црн, затоа што тие имале црни емоции во срцето и уште поцрни мисли во главата. Затоа што тие биле токму оние кои најмалку од сите ви посакувале добро и кои без размислување би ви наштетиле само за да се спасат себеси.

Во првиот миг кога нивната позиција би можела да биде загрозена тие ќе газат преку секој што е во нивната околина. Му ветувале добро? Прекршено! Многу го ценеле? Заборавено! Најбедно го изневериле? Без размислување!

Тие лажливи никаквеци се шетаат наоколу со крилја небаре се ангели. Ќе ви кажуваат животни мудрости до истоштување, а секој збор од нивната уста е безвреден какви што се и тие самите. Луѓе без став, луѓе без карактер, луѓе чиј збор не вреди пет пари, безрбетници кои се срам за човечкиот род.

Никогаш, апсолутно никогаш нема да подразмислат дали понекогаш вреди жртва во име на другите, нема да се сетат дека дадениот збор е заклетва, дека секоја лага секогаш излегува на виделина, а некој некаде тоа го бележи.

Толку себични, толку мизерни, толку недостојни да ги нарекуваме луѓе.

Ним ако им кажеш дека сонцето свети зелено, тие ќе климаат со главата, ако им кажеш да му свртат грб на најдобриот пријател ќе го сторат и тоа, ако им кажеш да лажат ќе лажат без грам грижа на совеста.

Нивното секојдневие е полно со прекршени ветувања, извлекување по полесниот пат, превиткување пред секој само за материјална добивка... И на крај ќе извлечат нешто, тие таквите секогаш добро се извлекуваат и добро поминуваат, но она што ме чуди е како спијат навечер? Како спијат со нечиста совест, со сиромашна душа, со црно срце?

Дури и со свилени пижами, на кревет од рачно резбано дрво со балдахин овој сон не е мирен. Но, нека си останат така сами со своите кошмари и со мислата дека не се ниту половина човек од сите кои попатно ги згазиле. Бедни лажливци кои прават да ви се одмили човековиот род.

Ахх, уште не ми е јасно како можат да се погледнат во огледало... Па јас би плукнала на рефлексијата, дури и да сум во нивната кожа на само еден ден.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg