Приказни од љубовта на Џејн Биркин и Серж Генсбур

Не постои друга љубовна приказна која предизвикала толку големо внимание како љубовта на Џејн Биркин и Серж Генсбур. Британската актерка која е инспирација за познатата чанта Birkin и францускиот музичар живееле во Париз во 70-тите, а нивната 10-годишна љубовна приказна е далеку од вообичаените. 

prikazni od ljubovta na dzejn birkin i serz gensbur 1

Од приказните за Џејн и Серж никогаш нема да ни стане здодевно, а еве кои ги издвојуваме како најубави:

Како се запознале?

Џејн со скршено срце и мало бебе во нејзината рака, стигнала во Париз затоа што и била понудена улога во филм каде Серж ја играл улогата на протагонист. Таа не знаела да каже ниту еден збор на француски.

По аудицијата таа му кажала на нејзиниот брат Ендру Биркин дека актерот со кој ќе треба да глуми во филмот е ужасен. Дека е вистински сноб, дека е многу арогантен и дека не знае како ќе глуми дека е вљубена во него.

Првата вечер која jа поминале заедно, таа го извлечкала да игра на подиумот во еден бар. Тој имал толку неелегантни чекори, што таа сфатила дека всушност тој не е арогантен туку е само многу срамежлив.

Кога Биркин се навраќа на оваа вечер вели дека нивниот почекот бил неверојатно романтичен.

prikazni od ljubovta na dzejn birkin i serz gensbur 2

Нивните чести и драматични јавни конфликти

И двајцата имале огнени темпераменти. Кога се карале нивните кавги биле драматични и јавни. Во еден од нивните конфликти, додека седеле во еден бар во Париз, Серж почнал да ги вади работите од нејзината чанта за да открие што сè се крие внатре.

Таа му фрлила еден колач во лицето и почнала да го брка додека тој бегал по улиците во Париз. Потоа бил ужасно лут, а таа незнаејќи што да направи за тој да ѝ прости се фрлила во реката Сена.

За среќа Серж бил фан на вакви гестови, па ѝ помогнал да излезе и двајцата си отишле дома за рака.

prikazni-od-ljubovta-na-dzejn-birkin-i-serz-gensbur-5.jpg

Нивната дневна рутина 

Тие обожавале да танцуваат. Додека нивната ќерка била доволно мала тие ја земале со нив кога излегувале навечер. Кога децата пораснале тие морале да го променат својот распоред за да одговара на нивниот ноќен животен стил.

Се буделе во 3 часот попладне, ги земале децата од училиште, ги носеле на прошетка во парк и потоа дома на вечера. Откако децата заспивале, тие веднаш излегувале во град и се враќале изутрината во 7 часот кога децата требало да се разбудат за училиште.

prikazni od ljubovta na dzejn birkin i serz gensbur 6

Нивните љубовни песни рушеле рекорди

Во 1969-та година, Биркин и Генсбур биле на насловните страни на сите весници по објавувањето на нивната љубовна песна “Je t’aime… Moi Non Plus.”

Серж ја имал напишано оваа песна во времето кога бил заљубен во Брижит Бардо, неколку години порано. Брижит не дозволила нејзината верзија да биде објавена затоа што тогаш била во брак.

Биркин била позната по тоа што била неверојатно љубоморна, и не можела да дозволи во песната да учествува друга жена. Нејзиниот придонес во песната ја направила да звучи неверојатно сензуално, поради што била забрането во повеќе држави во Европа.

Еднаш додека седеле во ресторан во Париз, песната била пуштена, а тие гледале како сите гости во ресторанот се чувствувале непријатно и го оставиле приборот за јадење додека ја слушале.

Двајцата имале невообичаени интереси

Серж обожавал да оди во трансродни клубови каде што често знаел да ги носи Џејн и нејзиниот брат Ендру. Обожавал да се обложува во шах и да игра рулет. Пиел премногу и пушел кубански пури.

Џејн од друга страна „позајмувала“ прибори за јадење од луксузни ресторани во кои вечерале. Во една пригода, додека потпишувала автограми за некои фанови, нејзината Birkin чанта паднала и сите украдени работи паднале на подот во ресторанот, а келнерот се понудил да ги собере.

prikazni od ljubovta na dzejn birkin i serz gensbur 7

Нивната љубов траела многу подолго од нивната врска

Нивната врска завршила после 10 години, откако на Биркин ѝ здосадило од прекумерното пиење на Серж и агресијата која следувала после пиењето. Нивната љубов била толку огромна што преминала во самоуништување заради кое морале да се разделат.

Биркин ја родила третата ќерка со Жак Доилон не многу долго по разделбата од Серж. Серж испратил цела кошница со бебешки подароци, а подоцна станал и кум на детето. Тој ѝ бил најдобар пријател и тие останале да бидат блиски до крајот на неговиот живот.

По неговата смрт во 1991-ва година, Биркин и нејзините три ќерки не можеле да го преболат неговото отсуство. Тие не дозволувале неговото тело да биде погребано цели три дена.

Откако Жак Доилон видел колку Биркин била вљубена во Серж ја оставил и таа оттогаш продолжила да живее сама во Париз опкружена со спомени од убавата љубов.

prikazni od ljubovta na dzejn birkin i serz gensbur 8

 А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg